Македонија сака решение за спорот со Грција

Брисел, 11 ноември (МИА) - Македонија сака и работи да се најде решение за наметнатиот спор од страна на Грција околу името, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски по денешните средби во Брисел со шпанските европратеници Франциско Хозе Милан-Мон и Хозе Игнасио Салафранка. 

Милошоски, како што нагласи и во вчерашното обраќање пред членовите на Комисијата за надворешна политикана Европскиот парламент, смета дека спорот може да се решава според хрватско-словенечкиот модел и со директни средби меѓу Атина и Скопје во духот на европската соработка и добрососедството.

- Тоа е прашање за кое многупати сме зборувале. Би сакале што е можно поконструктивно да најдеме начин и механизам за дијалог со Грција. Не би ни пречело да имаме директни и непосредни контакти каде што би можеле да разговараме и за конкретни нешта кои ќе ги зближуваат нашите две земји и нашите народи, нагласи министерот Милошоски, кој вчера и денеска во Европскиот парламент има интензивни дипломатска активности, во пресрет на декемвриската сесија на Советот на ЕУ, кога земјите членки со консензус ќе решаваат дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во Унијата. 

Тој, јави дописникот на МИА, потсети на начинот на кој што Словенија и Хрватска успеаја да го надминат меѓусебниот спор околу границата што ја блокираше хрватската евроинтеграција, и со тоа на двата процеса да им дадат можност да се движат, а тоа е, посочи, оној билатералниот каде што разрешуваат едно прашање, но истовремено да не биде забавен и закочен процесот на приклучување на Хрватска во ЕУ.

Милошоски потенцира дека тоа е охрабрувачки сигнал и во рамките на ЕУ кога се има еден прагматичен пристап и кога долгорочната визија и цел е приоритет, некои работи можат да се движат напред. 

- И Македонија е расположена да го даде својот придонес во едно такво однесување и еден таков дијалог кој може нам да ни користи и да биде полезен за Република Грција, а истовремено да го зачува и да го унапреди кредибилитетот на Европската унија, истакна министерот Антонио Милошоски.

Позитивниот извештај од Европската комисија, забележан во Европскиот парламент, како што оцени, е нов момент во односите меѓу Македонија и ЕУ, но и нов момент во однос на нашиот имиџ и углед како земја-кандидат, официјално препорачана да ги почне преговорите за членство во ЕУ. 

- Мнозинството членови на Европскиот парламент продолжуваат да бидат силни поддржувачи на процесот на проширување. Имаме голем број пријателски настроени парламентарци во овој европски состав кои сакаат да ја видат Македонија што побрзо интегрирана во рамките на европското семејство, рече Милошоски. Смета дека со усвојувањето на Лисабонскиот договор, Европскиот парламент добива поголема улога на содејство и коодлучување во рамки на целиот тој процес на усвојување на европското законодавство, како и поголема политичка тежина како институција во рамките на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...