Повторната блокада ќе значи дека не се сака да се реши спорот за името

Скопје, 11 ноември (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека евентуалната нова грчка блокада на Македонија, овој пат за добивањето датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, ќе биде сигнал дека јужниот сосед не сака да се реши спорот за името.

- Се надевам дека другата  страна ќе влезе овој пат со желба да го реши спорот, а не со желба да не го реши. Дали навистина сака  да го реши спорот ќе видиме во декември затоа што ако се случи блокада  тоа ќе биде сигнал дека тие  всушност не сакаат да го решат спорот, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на новите противпожарни авиони.

Блокадата од Грција за членство на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт, смета Груевски, покажа дека тоа не е начин за решавање на спорот бидејќи помина веќе една година, а проблемот не е решен.

- Постои едно искуство  и за оние што ја вршат блокадата за резултатите неа. Ако на база на тоа искуство повторно прават блокада  тоа е еден прилично лош сигнал дека всушност  не се подготвени за решавање на спорот, рече македонскиот премиер.

Според него, македонската страна прави се што е во нејзина моќ, апелира на сите страни и очекува решение.

- Медијаторот Нимиц наскоро ќе оствари контакти  со двете страни. Дали прашањето ќе се реши или не, ќе зависи не само од нас, туку и од другата страна, наведе Груевски.

Коментирајќи ги интензивните дипломатски активности на владините функционери во последните денови и нивните пораки до европските лидери во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ, кога ќе се решава дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во Унијата, Груевски нагласи дека се надева на позитивен одговор од европските лидери во декември.

- Ние го направивме нашиот максимум, ги завршивме потребните реформи што беа предвидени за овој период, и очекуваме и се надеваме на позитивен одговор во  декември од нивна страна, рече шефот на македонската Влада.

Македонија, додаде Груевски, ќе продолжи со реформите и со модернизацијата на државата. Нема да застанеме тука  и ќе продолжиме со сите максимални обиди за решавање на сите  отворени прашања.

Прашан за обвинувањето од СДСМ дека стои зад формирањето на невладината ДЕМОС Груевски рече дека тоа е апсолутно  неточно. - Не знам само дали се работи за некој внатрешен проблем во партијата СДСМ или за уште еден маневар на нивниот лидер, односно  повторно некој политички трик. Времето ќе го покажеме тоа, изјави Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...