ЕП ќе се изјасни за визната либерализација

Брисел, 12 ноември (МИА) - Европскиот парламент денеска треба да го усвои Извештајот за визна либерализација на Македонија, Србија и Црна Гора, чиј составен дел треба да биде и предлогот на Словенија - шенген визите за трите земји да бидат укинати на 19 декември годинава наместо на 1 јануари 2010 како што предложи Европската комисија.

Во изјава за МИА словенечката европратеничка Тања Фајон, која го подготви Извештајот за визна либерализација на земјите од Западен Балкан вели дека е сигурна оти Европскиот парламент ќе го усвои Извештајот.

- Сметам дека е многу реално да се очекува оти граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора ќе можат слободно да патуваат во ЕУ уште од 19 декември, за време на Божикните и Новогодишните празници. Тоа би било голема новост за луѓето во регионот. Се надевам дека наскоро, штом ги исполнат критериумите, ќе им се придружат и граѓаните на Босна и Херцеговина и на Албанија. Европскиот парламент силно ја поддржува визната либерализација на земјите од Западен Балкан, истакнува Фајон.

Извештајот на словенечката европарламентарка за укинување на визниот режим за државите од Западен Балкан, минатиот месец беше одобрен од Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, а претходно и од Комитетот за надворешна политика.

Конечната одлука за симнувањето на шенгенската визна бариера за Македонија, за Србија и за Црна Гора треба да ја донесе Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ на 30 ноември или на 1 декември. Одлуката не се носи со консензус туку со квалификувано мнозинство, односно треба да ја поддржат две третини од земјите членки на Унијата. Доколку биде усвоена, одлуката треба да биде објавена во службениот весник на ЕУ, а вообичаено согласно правната процедура, стапува во сила 20-от ден од објавувањето.

По очекуваната визна либерализација, на Македонците им се отвора простор за патување во 25 европски земји со 500 милиони жители и територија од 4,3 милиони километри квадратни. Тоа, сепак, не значи можност за неограничен престој или работа во земјите од ЕУ.

Македонските државјани ќе бидат ослободени од визата од типот „Ц“ која се однесува на кус престој, главно за посета на пријатели, роднини или за туристички патувања во државите вклучени во шенгенскиот систем најмногу до 90 дена во рок од шест месеци, односно до 180 дена во рок од една година. Во пракса, тоа значи дека ќе може да се престојува најмногу 90 дена, по што ќе мора да се напушти шенген просторот. Потоа во наредните три месеци не може да се патува во ЕУ, се до истекот на шест месеци од моментот на првото влегување во шенген зоната.

Со препораката на Европската комисија, со која Македонија се префрла на тн „бела“ шенген листа, за време на престојот не е дозволена можност за вработување, а оние што ќе бидат фатени да работат „на црно“ ќе подлежат на реадмисија и на санкции кои важат во земјата во која лицето ќе го направи прекршокот. Тоа најчесто е протерување од државата и привремена или трајна забрана за влегување.

За подолг престој во ЕУ ќе биде потребна виза од типот „Д“, која се однесува и за студиски и работен престој во Унијата.

За тоа дали визната либерализација ќе се однесува на граѓаните кои не поседуваат биометриски пасоши е прашање кое според македонското МНР, дополнително ќе се дефинира со ЕК до стапувањето на одлуката во сила. Сепак посочуваат дека од ЕК се препорачува граѓаните да патуваат со биометриски пасоши, бидејќи на оние со стари пасоши можно е да им биде побарана шенген виза.

Од 27-те членки на ЕУ, 25 ќе бидат достапни без виза, вклучувајќи ја и Грција која на тоа е обврзана како членка на шенген зоната. Останува на властите во Атина да одлучат како во пракса ќе се спроведува одлуката. Имајќи предвид дека поради спорот за името Грција ги оспорува македонските пасоши, како една од опциите е сегашната пракса со дипломатските пасоши, односно патниците при влез во земјата да добиваат лист со печат на пограничните служби кој треба да им биде вратен при излез од државата.

Без визи ќе се оди и во Швајцарија, Исланд и Норвешка кои не се членки на ЕУ, но се дел од шенген просторот. Визи нема да бидат потребни ниту за патувања во Бугарија и Романија, кои се уште не ги исполниле условите за влез во Шенгенот, но ги спроведуваат одлуките на ЕУ. И Лихтенштајн ќе биде достапен без визи, откако оваа град - држава која не е членка на Унијата, се изјасни за приклучување кон Шенген договорот, но се уште не ги исполнила условите за тоа.

ЕК на 15 јули препорача укинување на визната бариера за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора. Со тоа, државјаните на трите земји веќе нема да мора да поминуваат низ долготрајните процедури за добивање визи и ќе можат слободно да се движат во државите од Шенгенскиот договор. Се оценува и дека олеснетото патување во ЕУ значајно ќе придонесе и кон процесот на евроинтеграција на земјите од Балканот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...