Македонија и Грција да бараат решение преку силата на аргументите, а не преку аргументот на силата

Букурешт, 13 ноември (МИА) – Македонија ќе се потруди да го даде својот влог за да има напредок во разговорите околу името, но тоа не зависи само од нас туку во голем дел, и можеби најмногу, од односот на новата Влада во Грција, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по завршувањето на првата сесија од денешниот Самит на ЦЕИ во Букурешт, јави известувачот на МИА.

- Сметам дека е добра прилика разгворите да продолжат, да се искористи моментумот на важноста на ова прашање и усте повеќе важноста да се оствари напредок во однос на билатералниот спор. Ние имаме принципелен став, дека на ваквите средби и дијалози што ги водиме со Грција би требало што повеќе да се трудиме да ја размениме силата на аргументите, а да се напушти аргументот на силата што досега во изминатите 15 години не вроди со плод. Секое ново блокирање или демонстрирање на аргументот на силата не носи подобри услови за разговори за остварување напредок во македонско-грчкиот билатерален спор, истакна Милошоски.

Според него, Владата во Грција е нова за грчките граѓани, но дали за нас ќе биде нова, односно дали ќе има нов пристап, ќе видиме во декември.

- Нас ни е особено важно да укажеме на значајноста на почитувањето на духот на времената Спогодба склучена со Грција во 1995 година и врз основа на која не само што се нормализираа односите, туку и се унапредија и се создадоа одредни поволности, обврски и механизми за меѓусебна комуникација, но и за разговори на билатерален план и за начинот на кој Македонија може да напредува во своите аспирации за меѓународно етаблирање, нагласи шефот на дипломатијата.

Тој напомена дека Македонија има за цел преку нашиот специјален пратеник, амбасадорот Зоран Јолевски да внесе дух на конструктивност и позитивна атмосфера која, како сто рече, би ја подобрила заемната доверба меѓу Македонија и Грција во рамки на билатералниот дијалог што се води со псредство на ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...