Скопје одбележува 65 години од ослободувањето

Скопје, 13 ноември (МИА) - Град Скопје денеска го одбележува 13 Ноември - Денот на ослободувањето.

Во рамки на 65-годишнината од ослободувањето, премиерот Никола Груевски ќе положи цвеќе пред Споменикот на борецот, во близина на Владата. Делегација на Градот и на Собранието на Република Македонија, составена од пратениците Виолета Ташева, Јулиета Марку и Игор Ивановски ќе положат цвеќе пред спомениците на ослободителите на Град Скопје и на генерал Михајло Апостолски, на партизанските гробишта „Бутел“.

Собраниска делегација, предводена од пратениците Виолета Ташева, Јулиета Марку, Андреј Петров и Флора Кадриу ќе положат цвеќе и на споменикот на ослободителите на Скопје, пред Владата на Република Македонија.

Град Скопје, одбележувањето ќе го почне со средба на градоначалникот Коце Трајановски со претставници на Градскиот одбор на сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна.

Официјално ќе биде пуштен во употреба комплетно реновираниот објект на Детскиот културен центар „Карпош“, по 40 години, а ќе се одржат и меѓународен шаховски турнир на слепи лица и меѓународен традиционален боксерски турнир „Златен Гонг“.

Во Музејот на Град Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на дела на скопските архитекти насловена „100.000 метри квадратни за Скопје“. На изложбата ќе бидат претставени околу 30 трудови пристигнати на конкурс, а градоначалникот Трајановски, на добитникот на најголемото признание за архитектонско достигнување за 2009 година свечено ќе му ја врачи главната награда за архитектура на територијата на градот.

Централната манифестација по повод Денот на ослободувањето на Скопје ќе се одржи во Домот на армијата, каде Трајановски на годинашните добитници на највисокото признание што го доделува Градот, свечено ќе им ја врачи наградата „13 Ноември“ за 2009 година. Годинава има 12 добитници на наградата, меѓу кои се Симон Трпчевски, средното училиште „Марија Кири Склодовска“, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, прим. д-р Петар Кроневски, специјална болница за хируршки болести „Филип Втори“...

Во Домот на АРМ, премиерно ќе биде прикажан и документарниот филм за Матка „Зародиш“, сценаристичко и режисерско-авторско дело на професорот Соња Ризоска Јовановска. Директор на фотографија на овој филм е Александар Карпузовски, фотограф е Горан Десковски, автор на музиката е Трајко Симоновски – Таци. Монтажата ја направи Дарко Антоновски, а во филмот е користена музика од групата „Љубојна“.

Програмата за одбележување на 13 Ноември почна вчера, со доделување награди на најуспешните спортисти, а во Музејот на Град Скопје беше отворена традиционалната изложба „Архитектура Скопје - АСК 2009“ и беше промовирана книгата „Седум споменици на културата во Скопје и Скопско“ од професорот Панче Велков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...