Прв смртен случај од грипот А (Х1Н1) во Македонија

Скопје, 18 ноември (МИА) - Триесет и две годишниот маж кој завчера беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести со висока температура и отежнато дишење, е првата жртва на новиот грип А (Х1Н1) во Македонија, потврди вечерва министерот за здравство Бујар Османи.

- Доцна поладнево почина првиот пациент инфициран од новиот вирус А (Х1Н1) кој беше примен на Клиниката со тешка кличинка слика. Тој беше веднаш подоложен на соодветна терапија, вклучен на респиратор, но, за жал, сите обиди да му се помогне завршиле без успех и за помалку од 48 часа починал, рече Османи.

Тој информира дека утре ќе бидат соопштени детали за случајот по состанокот на Комисијата за пандемски грип.

- И пред појавата на овој случај и сега системот останува максимално посветен и ангажиран да ги елиминира сите последици од оваа неизбежна пандемија, напомена Османи.

Според директорот на инфективната клиника Звонко Миленковиќ, пациентот починал за 46 часа откако бил хоспитализиран. Тој манифестирал брз, тежок, прогресивен развој на инфекција на долните дишни патишта која го зафатила срцевиот мускул и други органи.

- Од моментот на хоспитализацијата до фаталниот исход за 46 часа и покрај примената на сите расположливи средства и се она што сметаме дека се користи во такви ситуации, за жал, исходот заврши на овој начин, рече Миленковиќ.

На Инфективната клиника, со потешка форма на пневмонија има уште еден пациент, жена родена 1954 година, која има хронична срцева слабост.

Во изминатото деноноќие се хоспитализирани девет лица со симптоми на грипот А (Х1Н1). Најголем дел од нив се во стабилна општа состојба и се третираат со вообичаената терапија.

Според Министерството за здравство, четворица од постојните пациенти се отпуштени од болница, при што е констатирано целосно повлекување на симптомите на новиот грип.

Во моментот на Клиниката се задржани вкупно 29 пациенти. Сите добиваат соодветна терапија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...