Иванов разочаран од изјавата на Јеремиќ

Скопје, 19 ноември (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов е длабоко разочаран од вчерашната изјава на српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ дека Белград го поддржува грчкиот став за спорот за името на Република Македонија, велат за МИА претставници на кабинетот на шефот на македонската држава.

Иванов денеска во Белград присуствуваше на погребот на српскиот патријарх Павле, на лична покана на претседателот на Србија Борис Тадиќ. Од кабинетот на Иванов информираат дека посетата претседателот ја остварил со желба да даде личен придонес во добрите односи меѓу двете земји. Оттаму изјавата на шефот на српската дипломатија Јеремиќ ја оценуваат како „несреќна”. Претседателот Иванов воедно изразува жалење што изјавата на Јеремиќ се совпаднала со поканата на претседателот Тадиќ за посета на Србија и за присуство на погребот на патријархот Павле.

По изјавата, македонскиот претседател го откажал присуството на приемот во Белград, организиран од министерот Јеремиќ за сите високи политички гости. Иванов попладнево треба да се сретне со претседателот Тадиќ, а претходно имал средба и со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со кого разговарале за интеграциските процеси на двете земји.

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ, вчера по средбата со грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас, рече дека Србија го поддржува ставот на Грција во спорот за името на Македонија и оти Атина може да смета на поддршка од Белград во однос на тоа прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...