Средба Груевски - Папандреу во Преспа

Скопје, 27 ноември (МИА) - Премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу, денеска на средба во местото Пили на грчкиот дел од Преспа, ќе разговараат за прашањето за името и за очекувањата од декемврискиот Самит на ЕУ на кој ќе се одлучува за датум за почеток на преговорите на Македонија со Унијата.

Средбата Груевски-Папандреу ќе се одржи на маргините од трилатералниот состанок за климатските промени што го иницира шефот на грчката Влада, а на кој ќе учествува и премиерот на Албанија Сали Бериша.

Во пресрет на оваа втора тет-а-тет средба на двајцата премиери, по онаа пред еден месец во Брисел, нема големи очекувања ниту во Скопје ниту во Атина дека е можно затворање на проблемот.

Премиерот Груевски во средата изјави дека во Преспа не очекува да се реши прашањето за името, но смета дека средбата ќе даде позитивен импулс за односите меѓу двете земји.

- Очекувам пријатен разговор, дијалог, размена на мислење и таа средба да придонесе за подобрување на севкупната атмосфера меѓу двете држави. Немам очекувања дека на средбата ќе ги решиме напластените проблеми, нерешени 18 години, но очекувам дека таа ќе даде еден позитивен импулс во нашите односи, изјави Груевски.

Македонија, како што објавија деновиве дел од медиумите, повикувајќи се на владини извори, се залага за заемно прифатливо решение, без промена на Уставот и на националниот и јазичниот идентитет, кое би било ставено на референдум на кој граѓаните ќе го кажат конечниот збор. Македонската страна смета и дека Грција треба да се придржува до одредбите од Привремената билатерална спогодба од 1995 година и да не го попречува зачленувањето на Македонија во меѓународни организации.

Големи очекувања од средбата нема ниту грчката страна. Заменик-шефот на дипломатијата Димитрис Друцас, изјави дека состанокот на Папандреу и Груевски во Преспа не значи менување ниту нарушување на процесот за решавање на разликите околу името што се води под покровителство на ОН.

- Неформалната средба во Преспа е доказ дека двајцата премиери му даваат поголемо значење на прашањето за името, но тоа не значи почеток на директни преговори, рече Друцас, повторувајќи ги грчките „црвени линии“ - едно име со географска одредница за севкупна употреба. Решавањето на името, Грција го става како предуслов за отворањето на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, заканувајќи се со ново вето по примерот со НАТО на Самитот во Букурешт.

Поголем оптимизам искажаа меѓународните претставници кои во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ на 7 декември сугерираа директни контакти меѓу двете страни за да се стави крај на 18 годишниот спор.

Шведскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ЕУ Карл Билт, кој синоќа ненајавено дојде во Скопје на средба со Груевски, пред неколку дена порача премиерите на Грција и на Македонија да влезат во директни преговори за да се дојде до решение, по што потребната техничка поддршка би ја обезбедил медијаторот на Обединетите нации.

Најавената средба на Груевски и Папандреу е можност за дијалог и шанса преговорите за името да се движат кон подобро, смета американскиот амбасадор Филип Рикер.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен, пак, во завчерашното обраќање пред Европскиот парламент, оцени дека Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ и оти се уште постои можност да се реши проблемот со името до декемврискиот самит на Унијата, што би ги зголемило шансите за добивање датум.

Денешниот трилатералниот состанок за климатските промени во Пили, според најавата, ќе почне попладне во 15 часот, а средбата Груевски - Папандреу е предвидена за околу 19 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...