Папандреу и Друцас ги повторија познатите грчки позиции

Атина, 1 декември (МИА) – Премиерот на Грција Јоргос Папандреу и заменик министерот за надворешни работи Димитрис Друцас на денешните одвоени средби во Атина со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски ги повторила грчките позиции во однос на прашањето за името во контекст на евроинтеграцијата на Македонија, јави известувачот на МИА.

Како што информира по средбите министерот Милошоски, според она што му го пренеле Папандреу и Друцас, нема разлика во позициите на Грција во врска со аспирациите на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.

Милошоски рече дека пред претстојниот Самит на ЕУ на кој треба да се одлучува за датум за преговори, очекува од Грција да размисли за своите чекори и да биде прагматична во однос на евроинтеграцијата на Македонија.

- Попречувањето нема да биде полезно за ниту една од страните, како и за процесот кој се води во ОН, оцени македонскиот министер за надворешни работи.

За можноста одредувањето датум за старт на преговорите да не се најде на агендата на  Самитот на ЕУ, Милошоски смета дека тоа ќе го наруши кредибилитетот на Унијата и на Европската комисија која препорача отворање на пристапните преговори.

- За самиот кредибилитет на ЕУ и особено на ЕК треба да се има предвид дека нивните препораки и извештаи се дел од расправите на Европскиот совет, инаку агендата на Советот не би имала смисол. Сметам дека и шведското претседателство, и земјите членки на ЕУ, и ЕК, би требало да имаат голем интерес она што е препорачано од ЕК да биде дел од расправата и од политичките одлуки кои треба да ги донесе Европскиот совет, изјави шефот на македонската дипломатија.

Милошоски на средбите со Папандреу и со Друцас на маргините од 17. Министерски состанок на ОБСЕ во Атина покренал две иницијативи за унапредување на односите меѓу двете земји.

Првата за подигање на нивото на дипломатски односи, односно Какцеларијата за врски на Грција во Скопје да прерасне во Амбасада, а втората за потпишување договор за избегнување на двојното оданочување, иницирана од грчките стопанственици кои инвестирале во Македонија со цел да се олесни нивната работа, за дополнително зацврстување на економската соработка.

Грчката страна ветила дека овие предлози  сериозно ќе бидат разгледани. Според Милошоски, за нивна реализација не мора да се чека решението за спорот. Со тоа, како што нагласи, ќе се даде уште еден позитивен импулс во зацврстувањето на билатералните односи и ќе се направи исчекор во однос на решавањето на главното прашање - за името.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...