Средба Груевски - Бакененде

Брисел, 2 декември (МИА) - Европерспективите на Македонија, спорот за името со Грција и билатералните односи меѓу Македонија и Холандија, беа теми на разговор на средбата на македонскиот премиер Никола Груевски со неговиот холандски колега Жан Петер Балкененде, што се одржа денеска во Брисел.

Холандскиот премиер, јави дописникот на МИА од Брисел, на средбата изразил  огромна поддршка за Македонија за што поскоро решавање на спорот со Грција и добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, а премиерот Груевски истакнал оти верува дека набрзо ќе биде решен спорот со името.

Балкененде најавил дека Македонија секогаш ќе добива поддршка од Холандија, како во политиката, така и во економијата.

Груевски, кој е во посета на Брисел од вчера, разговарал за спорот за името со Грција и за добивањето датум за преговори со ЕУ и на вчерашната средба со Зоран Талер, известувачот на Европскиот парламент за Македонија. 

Талер оценил оти Македонија заслужува да ги почне преговорите за членство во Европската унија.

При последната посета во Македонија на 29 октомври годинава Талер наведе дека  генералната порака е оти Македонија заслужува да ги започне преговорите за полноправно членство и што поскоро да стане членка на ЕУ.

- Повеќепати реков дека кога ќе почнат преговорите, тогаш Македонија ќе биде појака и во однос на идентитетот, во односите со соседите...рече Талер.

Поздравувајќи го прогресот на Република Македонија на планот на ЕУ интеграцијата и визната либерализација, тој информираше дека е подготвен и за натамошна соработка со институциите на Македонија.

Пред средбата со холандскиот премиер, претседателот на македонската Влада Никола Груевски имаше излагање на Европскиот молитвен појадок, кој се одржува еднаш годишно во Брисел.

Попладнево премиерот Груевски ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. На првата меѓусебна средба, Груевски и Баросо треба да разговараат за препораката на Европската комисија и очекувањата на Македонија за одредување датум за почеток на преговори за членство во ЕУ на претстојниот самит на Унијата. Се очекува да стане збор и за спорот за името, со чие решавање Грција го условува почетокот на преговорите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...