Средба Иванов-Месиќ

Скопје, 3 декември (МИА) - Хрватска би била задоволна кога Грција би го одвоила билатералното прашање за името од преговорите за да може Македонија да стане членка на НАТО и Европската унија, затоа што со тоа би се забрзало обединувањето на Европа и таа би станала најголем фактор за мирот во светот. Ова го истакна хрватскиот претседател Стипе Месиќ по денешната средба во Скопје со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

- Хрватска ја поддржува Македонија во евроинтеграциските процеси и  убедени сме дека ќе има можност да се најде решение за македонско-грчкиот спор и притоа македонскиот идентитет да не се доведува на ниту еден начин во прашање, а Грција во исто време да не се почувствува загрозена, нагласи Месиќ.

Посочувајќи ги модалитетите за надминување на блокадата, хрватскиот претседател рече дека еден од начините е да се замрзне ова прашање додека Македонија не си ги оствари своите надворешно-политички цели. Втора алтернатива, како што додаде, е да се формира арбитража која ова прашање ќе го стави на страна, а Македонија ќе ги продолжи преговорите со ЕУ или да се продолжат билатералните разговори со почитување на сите историски аргументи.

- Еден од аргументите е Југословенскиот устав од 1974 година во кој републиките беа позиционирани како држави, а по 1974 година нашите републики отворија конфедерација иако таа се викаше федерација. Таа југословенска федерација ја сочинуваа републиките како држави со право на осамостојување, а една од републиките беше и Социјалистичка Република Македонија и на тој Устав  никој немаше приговори ниту во ОН, ниту на кое било место, нагласи Месиќ.

Претседателот Иванов посочи дека Македонија се надева на позитивен исход и дека конечно на 7. декември ќе се прифати одлуката што беше донесена од Европската комисија.

- Доколку билатералниот спор го одложи датумот за почнување на пристапните преговори тоа ќе значи нова ситуација во Македонија во која ќе треба да се вложат дополнителни напори за да се вратиме на ентузијазмот со кој влеговме во целиот процес, рече македонскиот претседател.  

Тој посочи дека спорот што Хрватска го има со Словенија за границата е позитивен пример како треба да се решаваат билатералните спорови.

- Наспроти процесот на интегрирање ваквите прашања треба да си најдат своја завршница како билатерални прашања и да не го оспоруваат процесот кој го мобилизира целото општество и сите институции. Македонија како држава беше мобилизирана да ги исполни сите задачи кои се услов за да го добиеме датумот. Сите институции работеа со полн капацитет, се исполнија сите критериуми и затоа го добивме позитивниот извештај. Датумот ќе биде само поттик за да ги завршиме преговорите независно од овој билатерален спор, истакна претседателот Иванов.

Двајцата претседатели посочија дека Македонија и Хрватска имаат плодна соработка во сите сфери и немаат отворени прашања.

Стопанствата на двете земји, како што рече Иванов, интензивно соработуваат и имаат многу заеднички потфати. - Хрватските производи во Македонија имаат високо реноме, а исто така и македонските производи во Хрватска. За одредени прашања кои се отворени во доменот на владите, премиерите на двете држави неодамна имаа средба и се наоѓаат начини како тие прашања да се затворат, додаде тој.

Претседателот Месиќ, пак, истакна дека иако Македонија и Хрватска имаат добри односи, сепак можат да бидат уште подобри, затоа што се уште има неискористени капацитети од двете страни, неоткриени потенцијали за заедничко настапување на трети пазари. 

Месиќ го информирал Иванов и за текот на пристапните приговори за членство на Хрватска во Европската унија.

Двајцата претседатели разговарале и за состојбата во регионот и притоа биле посочени одредени стравувања во однос на можни жаришта на нестабилност.  Констатирале дека потенцијалната опасност треба навреме да се препознава и неутрализира.

Иванов и Месиќ ја истакнаа и улогата на Македонците во Хрватска и на Хрватите во Македонија во градењето на меѓудржавните односи. Месиќ рече дека сите работи околу изградба на македонска православна црква во Хрватска се готови и оти градбата може да почне.

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ официјалната проштална посета на Македонија ја реализира непосредно пред истекот на неговиот 10-годишен мандат. 

Месиќ денеска во Скопје беше пречекан со сите државнички почести, а тој последен пат во Македонија присуствуваше на инаугурацијата на претседателот Ѓорге Иванов, кој пак набрзо потоа ја оствари својата прва официјална посета токму на Загреб.

Претседателот  Месиќ за време на престојот се сретна и со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...