Советот на ЕУ одлучува дали Македонија ќе добие датум за преговори

Брисел, 7 декември (МИА) - Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел треба да го дефинираат заклучокот во врска со препораката на Европската комисија за одредување датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.

Иако повеќето од земјите од ЕУ поддржуваат старт на преговорите, шансите за одредување датум се мали поради условувањето на Грција со претходно затворање на спорот за името. Не е исклучено, конечната одлука министрите за надворешни работи да им ја остават на шефовите на држави и влади на Самитот на 10 и 11 декември.

Според последните информации од Брисел, во неможност да се постигне консензус за отворање на преговорите со Македонија, најреална опција во моментов е одложување на одредувањето датум, со што би се избегнале непријатните последици од евентуалното грчко вето. Замислата е да се констатира и да се поздрави прогресот што Македонија го направи и да се порача дека во иднина треба да биде одреден датумот за почеток на преговори.

Можно е во заклучоците да стои и препорака до Македонија и Грција поинтензивно да се осврнат кон решавањето на проблемот со името.

Тоа би значело дека датум за преговори за Република Македонија би можел да биде одреден на еден од наредните самити на Советот на ЕУ наредната година.

Самит на Советот на Европската унија се организира квартално. Првиот во 2010 година е закажан за март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...