Расправата за Македонија во Советот на ЕУ продолжува утре

Брисел, 7 декември (МИА) - Дебатата на шефовите на дипломатиите на членкие на ЕУ во врска со препорака на ЕК за одедување датум за преговори за членство на Република Македонија во ЕУ продолжува утре.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одлагањето следи по неколкучасовните неуспешни обиди на министрите да се усогласат за нацрт - заклучоците предложени од шведското претседателство.

Во текстот се предлага одложување на одредувањето датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ до март 2010 година.

- Советот ќе се осврне повторно на прашањето за одредување датум за отворање на пристапните преговори со Македонија во март 2010 година, стои во нацрт документот во кој уште се истакнува дека е нотирана препораката на ЕК за старт на преговорите и воeдно се бара продолжување на неопходните реформи.

Грција се противи во заклучоците да бидат поставувани какви било временски рамки за старт на преговорите без претходно решавање на спорот за името.

Финскиот премиер Мати Ванханен потврди дека грчкото противење поради спорот за името може да ја попречи одлуката за одредување датум, изразувајќи, сепак надеж дека Советот на министри денеска ќе реши да почнат преговорите со Македонија.

Во нацрт документот уште се наведува дека „продолжувањето на добрососедските односи, вклучувајќи и заемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН, останува од суштинско значење.

- Советот е охрабрен од последниот позiтивен развој на односите меѓу Грција и ПЈРМ, се вели во документот.

Не се исклучува, доколку шефовите на дипломатиите вечерва не се усогласат за заклучоците, конечната одлука околу одредувањето датум за Македонија да им биде оставена на шефовите на држави и влади на членките на ЕУ на Самитот на 10 и 11 октомври.

Министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ продолжуваат со работна вечера на која, според најавите, ќе разговараат за Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...