Двајца починати од новиот грип А (Х1Н1) во изминатото деноноќие

Скопје, 11 декември (МИА) - Двајца пациенти починаа во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје како резултат на масивна бронхопневмонија и со потврдена инфлуенца А (Х1Н1). Во Македонија досега од новиот грип починаа 14 лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, едниот пациент (роден 1959 г.) бил примен на Клиниката на 7 декември со кашлица, мускулно-зглобни болки, треска и висока температура до 40 степени. Неколку дена претходно консултирал матичен лекар, и бидејќи имал поблаги симптоми на грип примал антибиотска терапија, но веднаш по добивање на повисока температура бил упатен на лекување на Инфективната клиника. По три дена од приемот во болницата настапило влошување на состојбата, со пад на нивото на кислородот во крвта и поставен е на респиратор, но доцна синоќа е констатирана смрт. 

Вчера доцна попладне, се наведува во соопштението, почина пациентка (родена 1960 год.), која била хоспитализирана на Клиниката на 2 декември поради висока температура до 40 степени, студ, треска, сува, кашлица и  потешкотии при дишење. На 4 декември кај пациентката се развила респираторна инсуфициенција и таа е поставена на асистирана вентилација. Но, во текот на вчерашниот ден настапило влошување на состојбата и констатира е смрт доцна попладне.
 
Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани седум нови пациенти сомнителни за инфлуенца А (Х1Н1). Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна, освен кај еден пациент чија здравствена состојба е потешка и поставен е на респиратор.

На инфективното одделение во Воената болница се згрижени уште четири пациенти, сомнителни за инфлуенца А Х1Н1. Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба и се лекуваат од потешка форма на пневмонија. Вкупен број на хоспитализирани е 22 лица со симптоми на грип.

На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 17 нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 71 пациент со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен четири деца, кои имаат потешка форма на пневмонија.

На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани пет нови пациенти со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 43 деца.

Од Градскиот завод за здравствена заштита-Скопје информираат дека денеска до 14 часот се вакцинирале над 350 лица. Во Скопје досега се вакцинирале 1.858 лица, се вели во соопштението од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...