Во скопските болници хоспитализирани 36 нови пациенти сомнителни на грипот А Х1Н1

Скопје, 12 декември (МИА) - На Клиниката за инфективни болести во Скопје во последните 24 часа се хоспитализирани нови 15 пациенти сомнителни за инфлуенца А Х1Н1. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти како што се наведува во соопштението од Министерството за здравство, е стабилна, освен кај еден пациент, кој е со потешка форма на пневмонија и е поставен на респиратор. На Клиниката во моментот се лекуваат 83 пациенти.

На инфективното одделение, пак во Воената болница се згрижени уште четири пациенти, сомнителни за инфлуенца А Х1Н1. Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба и се лекуваат од потешка форма на пневмонија. Вкупен број на хоспитализирани овде е 21 лице со симптоми на грип.

На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 11 нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 60 пациент со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен четири деца, кои имаат потешка форма на пневмонија.

На Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште шест нови пациенти со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 42 деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...