Почнува бесплатната вакцинација против новиот грип за сите граѓани

Скопје, 14 декември (МИА) -  Бесплатната вакцинација против новиот грип од типот А (Х1Н1) за сите граѓани почнува денеска во заводите за здравствена заштита во Македонија, а лекот тамифлу ризичните групи бесплатно со рецепт од матичен лекар ќе можат да го подигнат од аптеките во здравствените домови, кои ќе работат 24 часа.

Во моментов има доволни количини тамифлу во државата, информираат од Бирото за лекови. Десет илјади кутии тамифлу вчера се дистрибуирани во аптеките во здравствените домови во Македонија.

Во Скопје тамифлу ќе се издава во аптеките во поликлиниките - на Битпазар, во Драчево, Ченто, „Јане Сандански“, „Чаир“ „Идадија“, „Букурешт“ и „Ѓорче Петров“.

Во Скопје, како што информираа од Министерството за здравство, за време на викендот се вакцинирале над 200 лица, со што вкупниот број вакцинирани изнесува 2.100.

Министерот за здравство Бујар Османи пред неколку дена ги повика граѓаните да се вакцинираат и упати апел новиот грип да се сфати многу сериозно од сите почнувајќи од граѓаните преку матичните лекари, инфектолозите, останатите здравствени работници, како и сите институции кои имаат допирни точки со здравството или имаат какви било обврски врз основа на оперативниот план за справување со пандемијата.

Комисијата за пандемски грип најави дека ургентно ќе се набават 55 респиратори за инфективните одделенија во болниците каде има стационар, како и дополнителни 80.000 вакцини.

Во Македонија досега од новиот грип тип А (Х1Н1) починаа 14 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...