Во Грција без визи со биометриски пасош и по 50 евра на ден

Скопје, 14 декември (МИА) - Македонските државјани од 19 декември ќе можат да влегуваат во Грција без визи, но само ако имаат биометриски пасош. Влезните и излезните печати од грчките погранични служби наместо во пасошите ќе бидат ставани на посебен лист хартија што ќе може да се добие на границата или во дипломатско-конзуларните претставништва на Грција во Македонија.

Грчката Канцеларија за врски во Скопје во денешното соопштение во кое се објаснува процедурата за влегување во Грција по 18 декември, ја поздравува претстојната визна либерализација за „државјаните на ПЈРМ“, додавајќи оти тоа ќе придонесе за засилување на веќе постоечките блиски контакти меѓу граѓаните на двете земји.

Листот на кој ќе бидат ставани влезно/излезните печати, покрај на граничните премини ќе може да се добие и во Канцеларијата за врски во Скопје и во грчкиот Конзулат во Битола од 16 декември, секој работен ден од 11 до 12 и од 14 до 15 часот. На патниците им се препорачува да го набават документот од двете дипломатски претставништва со цел да не се создаваат редици на граничните премини. Секој патник е обврзан да го чува листот за време на престојот во Грција, но и во другите шенген земји. Листот ќе треба да се чува една година по последното влегување во Грција.

Освен пасошите и листот на кој ќе бидат ставани печатите, можно е од македонските државјани да биде побарано да покажат документи со кои ќе ја оправдаат целта на нивната посета и условите под кои ќе престојуваат во Грција. Со себе треба да имаат и здравствено осигурување, како и документи со кои ќе докажат дека се вработени, студираат или се пензионери. Дополнително ќе треба да поседуваат и по 50 евра за секој планиран ден престој во Грција, информира грчката Канцеларија за врски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...