Бугарија ги укинува визите за Македонците со биметериски пасоши

Софија, 15 декември (МИА) - Македонските државјани од 19 декември ќе можат без визи да влегуваат во Бугарија, но само ако поседуваат биометриски пасоши. Оние со стари патни исправи и натаму ќе мора да вадат визи, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Државјаните на Македонија ќе можат да престојуваат во Бугарија најмногу до 90 дена во тек на шест месеци. За подолг престој е неопходна соодветна долгорочна виза.

Бугарија не е дел од Шенген зоната, но ги применува правилата од шенгенскиот систем.

Стартот на безвизниот режим, в сабота на граничниот премин Деве Баир – Ѓуешево ќе го одбележат претседателите на Македонија и на Бугарија Ѓорге Иванов и Георги Прванов, со симболично заедничко дигање на граничната рампа.

Иванов и Прванов, потоа ќе заминат за Банско каде што ќе имаат тет-а-тет средба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...