Вакцинацијата продoлжува со новите 80.000 вакцини

Скопје, 17 декември (МИА) - Вакцинацијата против новиот грип во Македонија треба да продолжи денеска со новите 80.000 вакцини набавени од Холандија.

Вакцините од производителот „Глаксо Смит Клајн“, кои според најавите од здравствените власти требаше да пристигнат синоќа, по извршените основни процедури и испитувања ќе бидат дистрибуирани низ цела држава.

Интересот на граѓаните за вакцинирање е голем. Досега против грипот А(Х1Н1) во Македонија се вакцинирале околу 14.400 лица, од кои 4.000 во Скопје.

Лекарите предупредуваат дека грипот во Македонија е во подем, бројот на заболени лица е двојно зголемен во декември во однос на ноември. Засега нема одлука од Комисијата за пандемски грип за предвремен распуст на учениците.

Во текот на последната недела до 13 декември, вкупниот број пријавени лица заболени од грип изнесува 8.997. Вкупно во ноември се регистрирани 9.644, а во декември 18.143 заболени.

Вкупниот број заболени од почнувањето на сезоната на грип оваа година, од почетокот на октомври до денеска, изнесува 27.806. Од нив најголем број се регистрирани во Скопје - околу 9.453 лица, Куманово - 3.922, Прилеп - 2.307, Битола - 2.106, Тетово - 1868 лица. Еден заболен има во Берово. До денеска вкупниот број лица кои имаат лабораториска потврда за новата инфлуенца А (Х1Н1) изнесува 1.338 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...