Уште едно лице почина, 13 нови хоспитализирани во скопските болници

Скопје, 21 декември (МИА) - Во изминатото деноноќие од компликации на бронхопневмонија на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина една пациентка (родена 1940), со потврдено присуство на вирусот А (Х1Н1), соопшти Министерството за здравство.

Во Македонија досега од новиот грип починаа 15 лица.

Пациентката била примена на Клиниката пред три дена со симптоми на грип (студ, треска, отежнато дишење). По приемот на Клиниката веднаш била започната антивирусна, антимикробна, како и кардиолошка терапија. Но, на 20 декември настапило влошување на состојбата и вчера доцна попладне констатирана е смрт. Пациентката претходно боледувала од кардиомиопатија и дијабетес мелитус.

Во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани пет нови пациенти со симптоми на грип и таму во моментот се лекуваат 70 пациенти. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна, освен кај еден пациент, кој е примен со потешка клиничка слика.

На инфективното одделение во Воената болница се хоспитализирани само еден нов пациент и таму вкупно  се хоспитализирани 20 лица со симптоми на грип.

На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани шест нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 50 деца на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен едно дете кое е со потешка клиничка слика.

На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие е хоспитализирано едно дете со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 37 деца.

Од Градскиот завод за здравствена заштита - Скопје информираат дека со исто темпо продолжува вакцинацијата против новиот тип на грип и досега вкупно се имунизирале 4.276 лица, се вели во соопштението од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...