Уште едно лице почина од новиот грип, 16 нови хоспитализирани

Скопје, 22 декември (МИА) - Во изминатото деноноќие од компликации на бронхопневмонија на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина еден пациент (1950) со потврден грип А (Х1Н1), соопшти Министерството за здравство. Починатиот пациент е 16. жртва на новиот грип во Македонија.

Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката на 19 декември со симптоми на грип (студ, треска, стегање во градите и тешко дишење). Веднаш му е дадена соодветна антивирална терапија и ставен е на респиратор. По три дена дошло до нагло влошување на состојбата и констатирана е смрт вчера доцна попладне. Пациентот претходно боледувал од белодробно заболување, дијабетес и од ревматоиден артритис.

Во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани четири нови пациенти со симптоми на грип и таму во моментот се лекуваат 64 лица. Здравствената состојба на новопримените пациенти е стабилна. Четири пациенти се со потешка клиничка слика и се ставени на респиратор.

На инфективното одделение во Воената болница е хоспитализиран еден нов пациент и таму вкупно  се лекуваат 17 лица со симптоми на грип.

На Клиниката за детски болести во Скопје се примени девет нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 46 деца на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен едно дете кое е со потешка клиничка слика.

На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани две деца со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 27 деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...