Уште едно лице почина од новиот грип

Скопје, 25 декември (МИА) - На Клиниката за инфективни болести изминатото деноноќие почина едно лице (1938 г.), како резултат на масивна билатерална пневмонија и со потврдено присуство на новиот тип на вирус А (Х1Н1), соопшти Министерството за здравство. Починатиот пациент е 19. жртва на новиот грип во Македонија.

Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката пред десетина дена со симптоми на грип, како што се: студ, треска, висока температура, интензивно кашлање, со стегачки болки во градите и исплукување на крвав искашлок. Неколку дена по приемот доаѓа до влошување на состојбата, пациентот бил поставен на асистирана вентилација, но вчера повторно настапило затајување на срцето и констатирана е смрт доцна вечерта.

Во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани осум нови пациенти со симптоми на грип и таму во моментот се лекуваат 56 лица. Двајца од нив се со потешка клиничка слика и се ставени на асистирана вентилација.

На инфективното одделение во Воената болница нема нови пациенти и таму во моментот има вкупно 13 хоспитализирани лица со симптоми на грип.

На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште двајца и таму во моментов болнички се лекува 39 деца на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен три деца кои се со потешка клиничка слика, а едното е поставено на респиратор.

На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани четири деца со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 28 деца, се вели во соопштението од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...