Македонскиот е службен јазик во Македонија и затоа се учи од прво одделение

Скопје, 13 јануари (МИА) - Македонскиот е службен јазик за целата територија на Република Македонија. Припадниците на заедниците имаат право да учат на својот мајчин јазик, но тоа не исклучува  да учат македонски јазик од прво одделение, изјави министерот за образование Никола Тодоров по најавите дека во општините со мнозинско албанско население првооделенците Албанци ќе ја бојкотираат наставата во второто полугодие зашто нивните родители не сакаат тие да учат македонски јазик од прво одделение, туку од трето, како што беше до оваа учебна година.

Тодоров рече дека  бојкотот е неодговорност кој ќе резултира со проблеми за учениците и за наставниот процес.

- Непоимливо е, а дури помалку и неодговорно од оние кои на локално ниво треба да го менаџираат образованието, да повикуваат на бојкот на образовниот процес. Бојкотот не може да донесе прогрес и да ги реши проблемите, туку само нив да ги продлабочи и да ги стави учениците во многу непријатна и несоодветна положба. Како министер, со цел мој интегритет, ќе се трудам да не дозволам  учениците да изгубат ниту еден ден од наставата во второто полугодие,  изјави Тодоров по промоцијата на новите наслови од проектот за превод на 500 стручни книги.

- Непоимливо е македонскиот да се изучува од трето или четврто, а англискиот во прво одделение во земја во која македонскиот јазик е службен за целата држава, додаде министерот за образование и наука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...