На Водици во Скопје по крстот во Вардар ќе скокаат 168 верници

Скопје, 17 јануари (МИА) - На денот на Богојавлението - Водици во вторник, во 12:00 часот, поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан од Камениот мост ќе ги освети водите на Вардар и ќе го фрли крстот, кој ќе се обидат да го фатат 168 верници.

Весникот „Вечер“, кој е организатор на манифестацијата „Водици 2010“ привршува со подготовките за одржување на овој традиционален настан што се одржува повеќе од две децении со благослов на Скопската епархија на МПЦ.

За безбедност на верниците во вода ќе се грижи специјалната единица на Министерството за внатрешни работи, специјалната единица за спасување на вода на Црвениот крст на Град Скопје, како и кајакарите на Кајакарската федерација на Македонија. За безбедноста пак на копно се ангажирани полицајците на полициската станица Центар, како и приватна агенција за обезбедување, а ангажирана е и лекарска екипа на Брза помош.

Сите учесници кои се пријавени за скок по крстот, како што велат организаторите, мора да се психофизички подготвени и затоа секоја година лекарите од Институтот за спортска медицина бесплатно ги прегледуваат пријавените.

За секој учесник е предвиден симболичен подарок, благодарница за учеството и едногодишна претплата на весникот „Вечер“, а најсреќниот пак што ќе успее да го фати крстот од „Горење“ ќе добие пакет производи, односно клима уред, фрижидер и телевизор.   Традиционално скопскиот градоначалник Коце Трајановски ќе му додели златник, а градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ-икона.

Вредна награда ќе додели и годинешниот кум на „Водици 2010“ Буцо Лазов кој на најсреќниот ќе му подари персонален компјутер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...