Груевски очекува да продолжат директните контакти со Папандреу

Скопје, 24 јануари (МИА) - Премиерот Никола Груевски очекува да продолжат билатералните средби со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу во обид да се најде решени за прашањето за името. Најави дека наскоро би требало да се оствари средба меѓу министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас, а извесно е дека ќе има средба и меѓу премиерите на двете земји.

За очекувањата од разговорите, вели дека нема простор за големи надежи со оглед на сигналите што доаѓаат од Атина.

- За жал сигналите од Грција досега не оставаат преголем простор за надеж дека нешто ќе се случи, но да се надеваме дека до тогаш нешто ќе се промени и во свеста на генералното позиционирање на нашиот сосед, затоа што деновиве доаѓаат многу  негативни сигнали во однос на нивната позиција. Но, еве преку средби, дискусии, преку изложување аргументи, преку изложување нови идеи можеби ќе дојде и до нешто ново, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на новите преводи на странска стручна литература од областа на транспортот.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија деновиве упати барање до официјална Атина за одржување билатерална средба на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас.

Доколку грчката страна позитивно одговори на барањето, како што потврдуваат за МИА во МНР, средбата ќе се одржи на 28 јануари,  во Лондон, на маргините на Меѓународната конференција за Авганистан, на која ќе присуствуваат и Милошоски и Друцас.

Освен за разликите помеѓу двете држави околу спорот за името на Република Македонија, се очекува Милошоски и Друцас да разговараат и за подигнувањето на нивото на канцелариите за врски во амбасади во Скопје и Атина, за потпишување договор за избегнување двојно оданочување, како и за отворање нови гранични премини меѓу Република Македонија и Република Грција, иницијативи кои македонскиот министер за надворешни работи ги покрена на средбата со Димитрис Друцас кон крајот на минатата година во Атина, на средбата што ја имаа на маргините на министерската конференција на ОБСЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...