Конструктуивно проактивно дејствување

Скопје, 22 февруари (МИА) - Договоривме заеднички настап кој би се движел во рамки на конструктивно проактивно дејствување за време на овие средби со максимална сериозност и посветеност, а се со цел да можеме во периодот пред нас да го дадеме нашиот придонес за постигнување едно решение или во најмала рака за напредок по однос на решението на билатералниот спор наметнат од Република Грција во однос на уставното име на Република Македонија.

Ова го изјави министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски вечерва по средбата кај претседателот Ѓорге Иванов на која присуствуваа премиерот Никола Груевски,вицепремиерот Абдилаќим Адеми и амбасадорот Зоран Јолевски.

На средбата, која според Милошоски била од консултативен карактер, амбасадорот Јолевски имал исцрпен извештај за процесот во кој е директно вклучен и беа координирани позициите пред утрешната посета на посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц на Република Македонија.

- Мислам дека ваквиот начин на дејствување ќе биде наш придонес во целиот овој процес и очекувам дека од иста гледна точка и Република Грција ќе го има истиот пристап, рече Милошоски.

На новинарско прашање дали се очекуваат нови предлози, Милошоски посочи дека ќе се види проценката на Нимиц, но во секој случај, како што рече, сите идеи,размислувања и иницијативи кои што можат да значат суштинско поместување напред по однос на ова прашање, ќе бидат добредојдени и најсериозно разгледани.

Посредникот на ОН, утре ќе ја посети Македонија, а на 26 февруари  и Грција.

Засега нема информации дали медијаторот по пауза од седум месеци доаѓа во Скопје и во Атина со нови предлози или останува на „сетот идеи“ предложени во октомври 2008 година.

Посредникот на ОН последен пат ги посети Скопје и Атина во јули лани, по што привремено ги замрзна разговорите поради изборите во Грција. Иако најави нивно продолжување и динамизирање веднаш по формирањето на новата грчка Влада, во изминатите месеци немаше никакви јавни активности. Неговата канцеларија неколкупати информира дека тој одделно комуницирал со секоја страна, но ќе ги поканел на заедничка средба „ако и кога ќе верува, или кога двете страни ќе веруваат, дека таа би била корисна“.

Метју Нимиц доаѓа во Македонија по минатонеделните посети на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, на европратеници и американски конгресмени, кои без исклучок побараа побрзо решавање на прашањето за името.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...