Нимиц денеска на средби со Иванов и Милошоски, утре со Груевски

Скопје, 23 февруари (МИА) - Посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц по пауза од седум месеци денеска доаѓа во Скопје на средба со македонскиот државен врв. Тој попладне ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со шефот на дипломатијата, а утре со премиерот Никола Груевски.

Нема најави  дали Нимиц, кој по Македонија, на 26 февруари треба да ја посети и Грција, носи нови предлози или останува на „сетот идеи“ предложени во октомври 2008 година.

Македонската страна, како што изјави по синоќешната координативна средба на државниот врв министерот Милошоски, во разговорите ќе заземе конструктивен и проактивен пристап.

- Договоривме заеднички настап кој би се движел во рамки на конструктивно проактивно дејствување со максимална сериозност и посветеност, а се со цел да можеме во периодот пред нас да го дадеме нашиот придонес за постигнување  решение или во најмала рака напредок по однос на решението на билатералниот спор наметнат од Република Грција во однос на уставното име на Република Македонија, рече Милошоски по заедничката средба со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Абдилаќим Адеми и амбасадорот Зоран Јолевски.

Милошоски очекува ист пристап и од грчката страна. Шефот на дипломатијата не прецизира дали се очекуваат нови предлози од Нимиц, но како што посочи, сите идеи, размислувања и иницијативи кои што можат да значат суштинско поместување напред во однос на ова прашање, ќе бидат добредојдени и најсериозно разгледани.

Пред посетата на Нимиц на Атина се огласи заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас. Во изјави за грчката телевизија „НЕТ“ и за чешкиот весник „Хосподарске новине“, вели дека Грција сака да се најде решение за името, но истовремено ја повторува грчката „црвена линија“ - име со географска одредница за севкупна употреба. Прашан дали актуелната економска ситуација со која е соочена Грција може да ја принуди на концесии во однос на прашањето за името, Друцас не одговора конкретно, но нагласува дека грчката позиција се базира на цврста и широка домашна политичка поддршка. Вината за нерешавањето на спорот ја гледа кај македонската  страна, која според него „малку по малку ќе разбере дека досегашните позиции не и помагаат на земјата“. Тврди дека Атина поминала половина пат кон решение и сега чека тоа да го направи и Скопје, додавајќи оти Грција сака да ја поддржи ервоинтеграцијата на Македонија, но претходно мора да се реши прашањето за името.

Посредникот на ОН последен пат ги посети Скопје и Атина во јули лани, по што привремено ги замрзна разговорите поради изборите во Грција. Иако најави нивно продолжување и динамизирање веднаш по формирањето на новата грчка Влада, во изминатите месеци немаше никакви јавни активности. Неговата канцеларија неколкупати информира дека тој одделно комуницирал со секоја страна, но ќе ги поканел на заедничка средба „ако и кога ќе верува, или кога двете страни ќе веруваат, дека таа би била корисна“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...