Патот Маврово-Дебар и кај превојот Ѓавато се уште со ограничувања

Скопје 24 февруари (МИА) - Забраната за сообраќај за товарните возила на патниот правец Маврово - Дебар, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски, се уште е во сила, и продолжува расчистувањето на остатоците од одроните.  Сообраќај е дозволен само за патничките возила, но со повремени кратки застои, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Ограничувања и понатаму има и при искачување кон планинскиот превој Ѓавато во правец од Ресен кон Битола, каде на дел од патот поради лизгање на земјиште се пропаднати  двете коловозни ленти. Сообраќајот се одвива само по едната коловозна лента од спротивниот правец и само за патничките возила. За тешките товарни возила има забрана за поминување во двата правци и за нив е оспособен стариот пат Р-106 Ресен – Битола.

На патниот правец Катланово – Велес одроните се расчистени и е проодно за сите видови на возила. Авто-мото сојузот на Македонија укажува дека не  е исклучена можноста за нови одрони и препорачува возачите да избегнуваат претекнување на тој дел од патот и да се движат крајно внимателно по десната коловозна лента.

На останатите магистрални и регионални патни правци сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози поради врнежи од дожд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...