Продолжете ги напорите за решавање на спорот за името

Берлин, 25 февруари (МИА) - Продолжете ги напорите за решавање на спорот за името иако тоа не е лесно прашање за вашата земја, но без тоа не може да се стигне во ЕУ и вo НАТО, порача шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, кој денеска беше во работна посета на Берлин.

Германија смета дека спорот треба да се реши со посредништво на ОН. - Не гледам во моментов можност Германија да учествува во решавањето на спорот зашто има отворен процес во ОН и со посредништво на Нимиц. Можам само да ги охрабрам двете страни активно да се ангажираат во решавање на ова прашање, истакна Вестервеле.

Министерот Милошоски на заедничката прес-конференција со својот домаќин истакна дека иако Грција ирационално ја спречува интеграцијата, Македонија е подготвена  за изнаоѓање компрoмис кој, како што рече, би можел да биде напишан и разбран и на македонски и на грчки јазик, а не да биде едностран.

- Со Нимиц имавме конструктивни разговори и очекуваме дека и нашите соседи во Атина ќе соработуваат со нас за да можеме да го продолжиме дијалогот на највисоко дипломатско и политичко ниво, рече Милошоски.

Шефот на македонската дипломатија посочи дека од грчка страна во моментов нема конкретни предлози, а од македонска страна, како што рече, има конкретни идеи за двете страни да направат исчекор во процесот на наоѓање решение за што било разговарано и со медијаторот Нимиц во Скопје.

Милошоски и Вестервеле искажаа задоволство и од билатералните односи на Македонија и Германија особено во областа на економијата.

Ова беше прва официјална средба на Милошоски со Вестервеле по неговиот избор за  министер за надворешни работи во октомври 2009 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...