Информирајте ги своите граѓани за визната либерализација

Брисел, 2 март (МИА) - Европската комисија ги повика Македонија, Србија и Црна Гора да ги информираат подобро своите граѓани за безвизниот режим за патување во ЕУ.

Повикот следува по реакцијата на Белгија дека граѓани на овие три земји ја злоупотребуваат визната либерализација за да побараат азил.

- Јасно е дека повеќето од тие граѓани се економски мотивирани да дојдат во Белгија. Но, шансите да останат тука се мали. Македонија, Србија и Црна Гора треба да го засилат информирањето за тоа какви права имаат, а какви немаат со либерализираниот визен режим, изјави во Брисел претставник на ЕК.

Според директорот на Директоратот за Западен Балкан Пјер Мирел, „големиот број луѓе кои го злоупотребуваат укинувањето на визите значи дека не станува збор за поединечна туку за добро организирана појава која треба да се истражи и запре“.

Белгиските власти предупредија дека стотина Албанци од Македонија и јужна Србија доаѓаат во Брисел врз основа на лажни информации дека ќе добијат азил, сместување и финансиска помош.

Поради тоа, белгискиот премиер Ив Латерм на 8 март доаѓа во Скопје и во Приштина, а упати и писмо до ЕК со барање „да се ограничат погубните последици од укинувањето на визите“ за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...