Патнички воз излета од шини во близина на Лакавица

Гостивар, 15 март (МИА) - Локомотивата од возот со бр. 6904 кој сообраќал на релацијата Скопје – Кичево доцна попладнево се изместила од шините поради одрон односно наноси на земја во близина на гостиварското село Лакавица. Четири лица, кои биле полесно повредени, се префрлени во гостиварската болница, но се очекува тие да бидат пуштени на домашно лекување.

Екипи на крим-техника од гостиварската полиција вршат увид на местото на настанот. Првичните наоди од теренот укажуваат дека одрон од земја кој паднал на пругата, ја попречил локомотивата во нејзиното движење. Изместена е само локомотивата додека вагоните со патници останале на пругата.

Според кажувањето на машиновозачот, на седмиот километар од станицата Гостивар кон Кичево забележал паднати дрвја на пругата и почнал да кочи, но ударот во одронот односно наносот од земја не можел да се избегне. Моторната локомотива тешка 120 тони е излезена од шините, а екипи на Македонски железници се пристигнати на теренот и во текот на ноќта ќе работат на оспособување на сообраќајот на пругата Скопје - Кичево.

Патниците кои се наоѓале во возот се сместени во автобуси и испратени кон Кичево.

Претходно Министерството за транспорт и врски соопшти дека нема повредени меѓу триесетте патници и персоналот кои се наоѓале во возот и оти е причинета помала материјална штета на локомотивата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...