Можам да ви претскажам светла иднина со НАТО

Скопје, 16 март (МИА) - Командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол адмиралот Марк Фитцџералд Декларираните сили на АРМ ги оцени како добро обучени и спремни за учество во секаква мисија и на Македонија и претскажа „светла иднина со НАТО“.

- Работата и операциите на војниците на АРМ во Ирак беа извонредни. Мислам дека научените лекции во Ирак и обуката која ја изведоа во „Криволак“ заедно со Националната гарда на Вермонт од САД, како и опремата со која ќе бидат распоредени ќе ги направи да бидат успешни во мисијата во Авганистан која е од голема важност, изјави адмиралот Фитцџералд, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со министерот за одбрана    Зоран Коњановски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски.

Тој нагласи дека македонските војници ќе бидат распоредени во многу суров дел во Авганистан и како успешна ја оцени минатонеделната проценка на Партнерската програма на тимот на НАТО во Скопје.

- Тоа се отсликува во распоредувањето на македонските оружени сили во Ирак и Авганистан, каде одлично се покажаа. Генерал Стојановски направи извонредна работа во подготовката на безбедносните сили за распоредување во Регионалната команда Исток во Авганистан, рече адмирал Фитцџералд, нагласувајќи дека професионализмот на АРМ  не поминува незабележано во НАТО.

Министерот за одбрана Коњановски рече дека на денешната средба со адмиралот Фитцџералд разговарале за достигнувањата на Министерството за одбрана и АРМ, за реформите, за идните партнерски цели,...

- Разговаравме и за идните вложувања на воениот полигон „Криволак“, како и колку е битно да го имаме тој капацитет затоа што сакаме да имаме обучени и спремни припадници на армијата кои прво ќе можат сами да се заштитат, а потоа да бидат во функција на мисиите во кои ги испраќаме, рече министерот Коњановски.

Тој најави дека од крајот на месецов или на почетокот на идниот месец  нов контингент на АРМ составен од 79 припадници ќе биде разместен во Авганистан.

- Тие веќе успешно ја завршија и спроведоа фазата на обука и се спремни да одговорат на сите задачи на мисијата во Авганистан, рече министерот Коњановски.

За него, како што рече, приоритет претставува правилната и сеопфатна обуката на припадниците на АРМ и опремувањето на воените полигони каде се врши обуката.

- За таа цел толку многу вложуваме во полигонот Криволак и ќе вложуваме во иднина, нагласи Коњановски.

Делегација на Здружената команда на НАТО во Неапол предводена од адмирал Фитџералд престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Утре делегацијата ќе го посети воениот полигон „Криволак“, а адмиралот Фитџералд   ќе биде примен и од претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...