Извлечено телото на Илковски од колекторскиот систем на рудникот „Бучим“

Штип, 23 март (МИА) - Припадниците на специјалната единица „Волци“ на АРМ  попладнево за само еден час го извлекоа телото на 53-годишниот Влатко Илковски од стариот колекторски систем на радовишкиот рудник „Бучим“.

По пет дена и по неколку прекинати операции за извлекување на телото,  „Волците“ денеска со нивна специјална опрема ги поминаа 350-те метри од отворот на колекторскиот систем, каде што најпрво ја извлекоа едната количка со која се движел колегата на Илковски.

Заменик-менаџерот на рудникот „Бучим“ Николајчо Николов изјави дека „Волците“ од колекторот извадиле и дел од специјалната опрема на скопската фирма „Спидер платинум“. Останатиот дел од нивната опрема ќе се вади дополнително.

Во селото Тополница каде што се наоѓа стариот колекторски систем операцијата ја следеше и семејството на Илковски.

Причините за смртта на Илковски, кој во петокот вршеше ревизија на стариот колекторски систем на рудникот „Бучим“, ќе се знаат по  обдукцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...