Лустрација до 1991, а не до 2008 година - одлучи Уставниот суд

Скопје, 24 март (МИА) - Ќе се лустрира до ноември 1991-та кога е донесен новиот Устав на Република Македонија, а не до 2008 година како што предвидува Законот за лустрација. Имињата на кодошите нема да се објавуваат во Службен весник, а нема да се врши лустрација на верските заедници и религиозните групи, одлучи Уставниот суд на денешната седница, укинувајќи одредби од четири члена на Законот за лустрација.

Судиите денеска со мнозинство гласови го укинаа членот 2, став 1 во делот „до денот на влегување во сила на овој закон“, членот 8 во делот „и го објавува во `Службен весник на РМ`“ и членовите 13 и 34 од Законот за лустрација, кој е донесен во 2008 и дополнет во 2009. По четирите оспорени законски одредби Судот на 17 јануари годинава поведе постапка, по што побара и мислење од Собранието на Република Македонија од каде доби писмен одговор на 2-ри овој месец.

Судот, како што информира портпаролот Југослав Миленковиќ, денеска ја запре постапката и за членот 8 во делот „Комисијата по службена должност веднаш и без расправа со решение го утврдува неподнесувањето на писмената изјава на лицето кандидат за носител на јавна функција или носител на јавна функција“.

Укинувањето на членот 2 е затоа што определувањето да се утврдува фактот за кандидатите или за носителите на јавни функции дали соработувале со органите на државната безбедност во кршење на човековите права и врз основа на тоа да остварувале материјални и други користи за себе во периодот од донесувањето на Уставот на Република Македонија на 17 ноември 1991 година до влегувањето на сила на Законот за лустрација во јануари 2008 година, во ситуација кога според Уставот владеат демократски вредности како што се основните слободи и права на човекот и граѓанинот, владеењето на правото и поделбата на државната власт, тоа значи повреда на владеење на правото.

Во однос на претходниот период од 1945 до 1991 година кога постоеле други уставни определби, а со кои се овозможува да доаѓа до кршење на човековите права за Судот е неспорно дека тоа може да се направи со Законот.

Во периодот од 1991 до 2008 година кога постојат правни механизми за утврдување на одговорност за кршење на човековите права било од кандидати било од носители на јавни функции нема уставен основ таквиот дел од одредбата на членот 2, односно се крши темелната вредност на владеење на правото, поради тоа Судот го укина овој дел од членот 2 на Законот за лустрација.

Во однос на делот од членот 8 кој предвидуваше неподнесување писмени изјави од кандидати или носители на јавни функции до Комисијата со цел да се изврши проверка околу исполнувањето на дополнителниот услов дали тие кршеле човекови права, Судот го укина делот „и го објавува во Службен весник на РМ“. Укинувањето е затоа што според Судот објавувањето на податоците на лицата кои не поднеле пријави претставува форма на јавно жигосување, со што се навлегува во моралниот интегритет и достоинството на граѓанинот, па таквата повреда не е во согласност со Уставот.

Во однос на другиот дел од членот 8 за кој Судот ја запре постапката, а тоа е  „Комисијата да може по службена должност без расправа со решение да утврди дека не е поднесена писмена изјава од лице кандидат или носител на јавна функција“, судиите оценија дека Комисијата може да продолжи со постапките и во однос на оние кои не поднеле изјава за согласноста да се води постапката за утврдување на дополнителен услов кога се кандидати за носители на јавни функции или се веќе носители на јавни функции.

Судот го укина и членот 13, кој предвидуваше Комисијата по завршувањето на постапката било пред Комисијата или пред надлежниот суд да го објави името, татковото име и презиме на лицето кое соработувало со органите на државната безбедност во Службен весник на РМ. Судот оцени дека објавувањето на податоците претставува форма на јавно жигосување на тие лица, при што објавувањето на тие податоци  за наведените лица кандидати и носители може да има последици за нив и во други сфери во нивното живеење, а не само забрана на вршењето на јавната функција, па таквиот обем на одредбата навлегува во моралниот интегритет и достоинството на граѓанинот,  што не е во согласност со Уставот.

Според судиите, Комисијата може да ја води постапката,која може да се заврши пред Управен суд со правосилна пресуда со која се утврдува соработка на одреден кандидат или носител на јавна функција со органите на државната безбедност, но тоа не значи дека сега треба да се објави и на сите да им се покаже со прст таквиот човек дека тој не може да биде избран за функционер, односно носител на јавна функција.

Улогата на Законот за лустрација во целина е да се спречи носител на јавна функција, било да е или да е кандидат да биде лице кое порано ги кршело човековите права, а не тоа да биде пресметка со луѓе кои ги кршеле човековите права на начин кој ќе предизвика штета и во другите сфери на живеење на тие луѓе.

Судот денеска го укинаа и членот 34 со кој се определуваше можност лицата да бираат дали ќе дадат изјава со која се согласуваат да се изврши проверка околу соработката со органите на државната безбедност, лицата кои вршат партиски функции во политичките партии, да се вршат проверки на членовите на здруженијата на граѓаните, фондациите, како и на верските заедници и религиозни групи.

Укинувањето е затоа што според членот 20 од Уставот на РМ, кој се однесува на слободата на здружувањето, како и според амандман 7 кој се однесува на слободата на вероисповедта, на граѓанинот му е загарантирана слободата на политичко здружување и му е загарантирана слободата на здружувањето со други граѓани во здруженија и фондации заради економски, социјални, културни и други права и уверувања и што е загарантирана слободата на вероисповеста при што тие се одвоени од државата и не се носители на јавни функции, односно не одлучуваат за слободите и правата на човекот и граѓанинот. Па поради тоа постоењето на ваквата законска одредба според обемот на опфатот излегува од рамките на остварување на јавната функција и навлегува во сферата на слободите и правата на човекот и граѓанинот, поради што како несогласна со Уставот Судот ја укина.

Укинувањето на членовите ќе биде објавено во Службен весник на Република Македонија во наредните 10 дена. По објавувањето во Службениот весник па во иднина укинатите одредби од Законот за лустрација не можат да предизвикуваат правни последици, а до објавувањето важи привремената мерка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...