Македонија сади дрвца со соседите

Скопје, 30 март (МИА) - Во рамки на петтата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ денеска дрвца се засадуваат и на пограничните региони со соседните земји.

Декоративни, листопадни и зимзелени садници на меѓуграничниот простор заеднички ќе садат припадници на граничните полиции и царинските управи од Македонија и соседните држави. 

Садници ќе бидат засадени на четирите гранични премини со Албанија - Блато, Ќафасан, Свети Наум и Стење, на пограничните региони Пелинце и Табановце со Србија, и кај Долно Блаце со Косово.

Дрвца се засадуваат и на граничните премини Деве баир, Ново Село и Делчево со Бугарија, како и со соседна Грција, на Богородица, Меџитлија и Стар Дојран.

Заради побрз проток на патници и возила се спроведува специјален режим на поминување на граничните премини.

Градоначалниците на Ново Село, Василево, Босилово и Берово ќе одат во општина Струмјани во Бугарија, и со тамошниот градоначалник ќе   засадат околу 50-ина садници, а потоа ќе се враќаат и ќе засадат дрвца и на македонска територија.

Во Благоевград и Ќустендил, пак, дрвца ќе засадат градоначалникот на Крива Паланка со неговите колеги од тие бугарски градови, а заеднички придонес во акцијата ќе дадат и на територијата на Македонија.

Заеднички, во пограничниот регион на Македонија и на Албанија, дрвца ќе садат градоначалниците на Ресен и на Пустец, Мала Преспа.

Градоначалниците на Дебар и на Маврово-Ростуше, пак, одат во Пешкопеја каде што ќе засадат  дрвца со тамошниот градоначалник. Заедно со косовски претставници дрвца ќе бидат засадени и на Блаце.

Под слоганот „Растеме заедно“ на 100 локации во Македонија денеска треба да бидат засадени 7,5 милиони садници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...