Лидерска средба за уставните измени

Скопје, 8 април (МИА) - Лидерите на најголемите парламентарни политички партии денеска во 12 часот во Клубот на пратениците ќе имаат нова средба на која ќе се договараат за измените на Уставот на Република Македонија, во делот на Судскиот совет, чија цел е да се зајакне независноста на судскиот систем и да се зголеми неговата ефикасност.

Mатеријалите со предлог уставните измени им беа доставени на партиските челници во писмена форма, како што беше договорено на последната лидерска средба на 11 март.

Предлогот, како што образложи премиерот Никола Груевски, содржи неколку клучни работи - да се зголеми бројот на членови на Судскиот совет избрани од редот на судиите со непосредно тајно гласање на сметка на оние што ги предлагаат Собранието и претседателот на државата, министерот за правда да не е член на Советот и скратување на мандатот на членовите кој сега е шест години.

Лидерите на СДСМ, на ДУИ и на НД, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Имер Селмани вчера најавија дека на лидерската средба ќе предложат уставни измени надвор од предложените од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на Судскиот совет.

СДСМ ќе поднесе предлог за измена, односно дополнување на членот 52 од Уставот со која ќе се оневозможи застарување на кривичните дела поврзани со трансформација на државниот и општествен капитал.  Целта е, потенцира Црвенковски, да се затвори табу темата за криминалот во процесот на приватизацијата во македонското општество и во таа насока да профункционираат без какви било пречки најповиканите – обвинителствата и судовите.

ДУИ ќе бара во Уставниот суд да се одлучува со таканареченото бадентерово мнозинство.- Ќе бараме законите кои во Собранието се гласаат со двојно односно таканаречено бадентерово мнозинство на ист начин да бидат гласани и во Уставниот суд доколку некој поведе постапка, изјави потпретседателката на партијата Теута Арифи.

Таа додаде дека ова е старо барање на партијата и оти сметаат дека сега е погоден политички момент да го активираат.

Нова демократија, пак, ќе побара по принципот на бадентер да се одлучува, покрај во Уставниот суд и во Судскиот совет при избор на судии, но и  при донесувањето на буџетот на државата. - Сметаме дека со овие предлози се зајакнува консензуалната демократија и се надминуваат проблемите што досега се појавуваа при гласање на Буџетот и изборот на Судскиот совет, како и по некои одлуки на Уставниот суд, истакна Сулејман Рушити од Нова демократија.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразија подготвеност на лидерската средба да се разговара и за други прашања, надвор од темата. Подготвени сме да разговараме за кои било прашања иницирани од релевантни субјекти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, но прашање е дали може по сите да се постигне договор. Според нив, просторот во кој може да се бара постигнување на договор е Рамковниот договор.

Измените иницирани од ВМРО-ДПМНЕ, сметаат од партијата, се поврзани со реформата на судскиот систем како клучен сегмент од општеството и не се од тесен интерес на  која било партија, туку треба да бидат од интерес на сите субјекти, поради што очекуваат да добијат поддршка од учесниците на лидерската средба.

Доколку, пак, не се постигне договор, партијата нема самостојно да го турка овој проект за уставни измени со цел спроведување на судските реформи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...