„Кавадарци - Град на културата 2010“

Скопје, 9 април (МИА) - Со изложбата на академскиот сликар Владимир Темков, монологот „Синови на светлината“ од актерот Петар Темелковски и со концертот на Гордана Јосифова-Неделковска - обоа и Биг Бендот на Факултетот за музичка уметност - Скопје под диригентската палка на Кире Костов, вечер во Кавадарци свечено ќе биде отворена манифестацијата „Кавадарци-Град на културата 2010“.

Со одлука на Министерството за култура, Кавадарци оваа година е прогласен за град на културата.

Во Галеријата на Домот на културата ќе биде отворена изложбата на Темков „Прозорец во ентериерот“, а во 21 часот на Градскиот плоштад актерот Петар Темелковски ќе го изведе монологот „Синови на светлината“. На концертот на Гордана Јосифова Неделковска и Биг Бендот на Факултетот за музичка уметност како гости солисти ќе настапат Влатко Стефановски на гитара, Страшо Темков на флејта и Теодосиј Спасов од Бугарија на кавал.

До крајот на годината во градот ќе бидат реализирани уште 150 проекти од различни области, како ликовна дејност, сценско-музичка, промоција на книги, театар и филм. На вечерашното отворање на манифестацијата ќе биде достапен и годишниот каталог со месечен распоред на сите културни настани.

Годинава во Кавадарци ќе има повеќе изложби од различни автори, а ќе се одржи и Ликовната колонија-Кавадарци, на која ќе учествуваат уметници од Европа. Концерти ќе одржат и Драган Даутовски, Синтезис, Македонската филхармонија, ќе гостува прилепскиот Народен театар со претставата „Тапани во ноќта“, а ќе настапи и Аматерскиот театар од Кавадарци кој работи во Домот на културата.

Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов на прес-конференција ги повика сите граѓани на Македонија да го посетат Градот на културата.

- Оваа манифестација за Кавадарци е од огромно значење и сакаме да докажеме дека градот има култура, има творци, многу ликовни уметници, професори на факултет и уште многу творци кои творат во Скопје, но се по потекло од Кавадарци, рече Панов.

Досега градови на културата беа прогласени Радовиш, Битола, Прилеп, Велес...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...