Бамир Топи во дводневна посета на Македонија

Скопје, 13 април (МИА) - Претседателот на Република Албанија, Бамир Топи по покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, утре и задутре ќе престојува во дводневна посета на Република Македонија.

За време на посетата, претседателот Топи покрај тет-а-тет средбата со неговиот домаќин претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се сретне и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со премиерот Никола Груевски.

Како што е најавено, Топи утре на 102-та седница ќе им се обрати и на пратениците во македонското Собрание.

Шефовите на двете држави, Иванов и Топи, ќе присуствуваат и на македонско-албанскиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје, со цел да се прошират економските односи меѓу Македонија и Албанија.

На агендата на албанскиот претседател Топи се и средби со лидерите на ДУИ, ДПА и на НД, Али Ахмети, Мендух Тачи и Имер Селмани, како и со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Делегацијата, предводена од претседателот Топи, ќе ги посети и општините Тетово и Дебар, каде се очекува да биде прогласен за почесен граѓанин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...