Може да се добие датум за време на шпанското претседателство

Скопје, 20 април 2010 (МИА) - Македонија би можела да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ за време на шпанското претседателство, а Шпанија ќе ја вложи сета своја енергија тоа да стане реалност, изјави  шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

- Како земја претседавач со ЕУ би можел да најавам датум за почеток на пристапните преговори. За тоа се залагаме и убедени сме дека тоа ќе се случи. Целата наша енергија, одлучност и капацитет ќе ја ставиме во служба на отворање на преговорите. Убедени сме дека тоа може да се случи пред крајот на шпанското претседателство, рече Моратинос.

Ваквиот оптимизам, како што истакна, се должи на задоволството од подготвителните активности на институциите и власта во земјата, изразувајќи верување дека оваа 2010 година ќе биде добра за интеграциите на Македонија и во ЕУ и во НАТО.

Во врска со спорот за името, шефот на шпанската дипломатија истакна дека е охрабрен од заложбите на македонската страна и на новата грчка Влада за конечно надминување на овој, како што вели, контроверзен проблем. Тој повтори дека Шпанија како претседавач го доби мандатот од ЕК да работи на доделување датум за преговори за Македонија, а ЕУ не треба да ја пропушти можноста да се потврди како кредибилен фактор кој може да ја прошири зоната на безбедност и просперитет во регионот на Западен Балкан како дел од Европа.

- Не сакаме да губиме повеќе време. Ни треба вашата земја во ЕУ. Сите ние ќе бидеме во добивка од вашиот модел на интеркултурна толеранција и комуницирање меѓу различни заедници, а тоа е богатство за ЕУ. ЕК затоа ќе си ја заврши својата работа за што е можно поголемо забрзување на преговорите, рече Моратинос. Македонија како позитивен пример на Балканот, додаде тој, ќе биде истакната и на самитот на ЕУ-Западен Балкан, што шпанското претседателство ја подготвува за почетокот на јуни во Сараево.

Министерот Милошоски истакна дека ЕУ интеграциите се движечката сила на Македонија и оти земјата се чувствува подготвена да ги почне преговорите за членство во Унијата. Во тој контекст постои и политичка волја да се интензивираат разговорите со Грција за името.

- Во интерес на Македонија и Грција, но и на Европската унија е Македонија час поскоро да ги почне преговорите за интегрирање во Унијата. Тоа е во интерес и на самиот регион бидејќи со тоа ЕУ ќе прати позитивен сигнал и за сите останати земји во регионот, рече Милошоски.

На новинарско прашање во врска со лицитирањето на Грција за името „Северна Македонија“, шефот на македонската дипломатија ја истакна потребата од директни и суштински разговори, наместо давање изјави за домашна или меѓународна употреба.

- Наместо да се даваат изјави во јавноста што е пожелно за едната страна, а што е неприфатливо за другата страна, подобро е да се разговара директно и дискретно за да најдеме начин како да го придвижиме овој македонско-грчки спор нанапред. На крајот во секој спор компромисот може да се постигне ако решението е или еднакво прифатливо за двете страни или условно кажано, еднакво неприфатливо за двете страни, рече Милошоски.

Според него, состојбата во регионот денес е напредната, и тоа е добра околност за ЕУ да го покаже своето лидерство во однос на европските интеграции, а регионот да биде успешен пример. - Имаме ситуација во која на Република Македонија и е потребен успехот на ЕУ и на шпанското претседателство, а истовремено и на ЕУ многу добро ќе и дојде успехот на Македонија како случај за себе, но и како позитивен пример во регионот, посочи Милошоски.

Двајцата министри како одлични ги оценија билатералните односи, со нагорен тренд особено по отворањето на Шпанската амбасада во Македонија во 2006 година.

Моратинос денеска ќе има обраќање пред Националниот совет за евроинтеграции, а ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски.

Од Скопје, шефот на шпанската дипломатија заминува за Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...