Претседателот на Собранието Вељаноски се сретна со својот кинески колега

Скопје, 28 април 2010 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, кој престојува во Кина, денеска се сретна со претседателот на Секинескиот Народен Конгрес Ву Бангуо.

Како што се наведува во соопштението, претседателот Вељаноски истакна дека оваа средба претставува основа за интензивирање на парламентарната соработката, но и можност за натамошно унапредување на севкупните односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина. При тоа тој го поздрави принципиелниот став на НР Кина во врска со признавањето на нашето уставно име со што се потврдува вистинското пријателство меѓу двете земји. Вељаноски посочи дека Република Македонија е посветена на исполнувањето на стратешките цели за полноправно членство во ЕУ и во НАТО но, исто така, големо внимание се посветува и на вкупните релации со НР Кина. Тој искажа увереност дека соработката меѓу двете држави ќе продолжи и ќе се продлабочува на различни полиња, како што се култура, наука, туризам, за што македонската страна е подготвена уште повеќе да ги засили сите активности. - На тој начин, како што стои во соопштението, ќе се придонесе за интензивирање и на економската соработка, при што кинеските компании се добредојдени да инвестираат во Република Македонија како можност и за влез на европскиот пазар.

Претседателот Вељаноски упати благодарност за помошта што Владата на Народна Република Кина и ја додели на Република Македонија за учество на светската изложба Шангај Експо 2010 и за можноста на овој настан од глобално значење да се претстави македонската култура, традиција и историските вредности.
 
Претседателот на Секинескиот Народен Конгрес Ву Бангуо истакна дека оваа средба е значајна и треба да биде поттик за поинтензивна соработка меѓу двете држави во различни области. - Ви стојам на располагање во насока на јакнење и подобрување на односите меѓу нашите земји на парламентарно ниво, но мислам дека е потребно да се направат напори за да се унапредат односите уште пошироко. Економската соработка треба да се продлабочува за што веќе постојат позитивни сигнали и зголемен интерес на кинеските компании за присуство во Република Македонија, рече Бангуо.

Тој посочи дека кинеската страна го респектира и има целосно разбирање за правото на Република Македонија за употреба на уставното име и воедно се надева на брзо решавање на овој спор во рамките на ООН.

Претседателот Вељаноски упати покана до својот колега Ву Бангуо да ја посети Република Македонија.

Во рамките на претстојот во НР Кина, делегацијата на Собранието на Република Македонија, што ја предводи Вељаноски ќе учествува на свечената церемонија на отварањето на експо Шангај 2010  и ќе оствари средби со други високи претставници од кинескиот државен врв. Во делегацијата се пратениците Силвана Бонева, Цветанка Иванова и Џеват Адеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...