Бугарскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Скопје, 5 мај 2010 (МИА) - Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Покрај разговорите со својот домаќин, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, шефот на бугарската дипломатија ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Во фокусот на разговорите меѓу двајцата министри за надворешни работи ќе бидат билатералните односи, особено можностите за продлабочување на економската соработка и напредокот во процесот на европското и евроатлантското интегрирање на Република Македонија. На средбите ќе бидат опфатени и теми од мултилатералната сфера, имајќи го предвид претстојното претседавање  на Република Македонија со Советот на Европа, како и прашања од регионален карактер со оглед на тоа што министерот Младенов во наредните денови ја продолжува турнејата по балканските земји.

За време на посетата, предвидено е министерот Младенов да отвори ликовна изложба во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, да ги одликува спасителите во несреќата со бродот „Илинден“ во Охридското Езеро, а ќе има средба и со претставници на невладиниот сектор во Македонија.

Во рамки на дводневниот престој, министерот Младенов ќе го посети и Тетово каде што на Штуловиот универзитет ќе одржи предавање пред студентите и претставници на дипломатскиот кор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...