Прашањето за името е клучно

Скопје, 13 мај 2010 (МИА) - Силно го поддржуваме решавањето на проблемот со името со Грција и сметаме дека тој трае предолго. Прашањето на името е клучно за откочување на евроатлантските интегративни процеси на Македонија и затоа треба да работите конструктивно за изнаоѓање на решение со Грција. Кога тоа ќе се случи САД ќе бидат силни поддржувачи на договорот што ќе се постигне, порача помошник-државниот секретар за Европа и Азија Филип Гордон.

Во изјавата по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети тој истакна дека имал одлична средба со него и дека му се заблагодарил за конструктивната улога што ја игра во земјата во промоцијата на меѓуетничките односи.

- Му благодарам на Ахмети за силната изјава со која ги осуди неодамнешните насилства што ги видовме на границата, нешто што и САД остро го осудија, изјави Гордон по средбата.

Тој истакна дека е во Скопје за да ја изрази силната поддршка што САД и ја даваат на Македонија.

- На жалост, престојувам во кратка посета, но имав можност да се сретнам со официјалните лица. Се сретнав со претседателот на Република Македонија, а бидејќи премиерот беше спречен да дојде во Скопје поради вулканскиот чад ќе се сретнам подоцна вечерва во Загреб, рече Гордон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Знаете ли зошто статуата на слободата во Њујорк е жена?
-Им требало празна глава за да направат ресторант!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1215.- Англискиот крал Џон ја потпиша Големата...
1752.- Бенџамин Франклин, американски физичар и...
1843.- Во Берген е роден Едвард Григ, норвешки...
1873.- Германскиот археолог-аматер Харнјих...