МВР одзеде 947 парчиња оружје во акциите кај Блаце, Радуша и во Тетовско

Министерството за внатрешни работи, во последните неколку денови, спречувањето на нелегалната трговија со оружје ја остваруваше преку интензивни активности за зголемување на ефикасноста во откривањето на делата, особено на потешките организирани форми на овој вид инкриминации.

Така, по претходно преземени координирани мерки и активности, во три случаи (на подрачјето на скопските села Блаце и Радуша, како и на подрачјето на Тетово) пронајде и одзеде поголемо количество оружје, муниција и експлозивни направи.

Имено, во овие случаи се пронајдени и одземени вкупно 947 парчиња оружје (530 разновидни гранати; 195 разновидни мини; 157 рачни бомби; 26 разни видови рачни фрлачи; 14 автоматски пушки; по пет минофрлачи и митралези; по три противавионски митралези и пиштоли; по два бесповлечни топови, полуавтоматски и снајперски пушки и револвери и еден пушкомитралез), како и огромно количество муниција, околу 30 килограми различни видови експлозив и детонаторски каписли. Покрај ова, пронајдени се спорогоречки и брзогоречки фитили, оптичка направа, постолја и нишански справи за минофрлачи, два контејнери полни со запалки за рачни бомби, придушувачи, оптички нишан, дрвени кундаци, топографски карти, како и воена и останата опрема (тактички елеци, панцир, футроли за пиштоли, телефонски жици, мобилни телефони, уред за далечинско управување, часовници, опрема за струја, акумулатори) и поголема количина на лекови и медицински материјали (стерилни гази, завои, медицински алкохол и др). Министерството за внатрешни работи презема координирани мерки и активности за целосно расчистување и откривање на лицата инволвирани во случаите .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...