Неформална лидерска средба во организација на претседателот Иванов

Скопје, 15 мај 2010 (МИА) - средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на ДУИ организирана од претседателот Ѓорге Иванов.

- Неформалните средби се можност да покажеме и укажеме дека постои комуникација и оти секој проблем може да се решава доколку се разговара и преку дијалог се дојде до решение. Непотребно е во денешно време за кое било прашање да се посегне по насилство или да се користат други средства кога институциите функционираат, изјави претседателот Иванов по средбата со Никола Груевски, Бранко Црвенковски и Али Ахмети.

Шефот на државата смета дека нема потреба да го свика Советот за безбедност.

- Во секојдневна комуникација сум со надлежните органи и секој си ја извршува обврската што ја има според законот. Затоа нема потреба да се свикува Советот за безбедност, оцени Иванов, во одговор на новинарско прашање.

Според него, медијаторот во спорот за името Метју Нимиц сериозно ја подготвува следната средба меѓу преговарачите бидејќи најверојатно сака да изнесе сериозен сет на идеи.

За Иванов, како што посочи, е прифатливо решение за името кое е во интерес на граѓаните на Македонија. - Она за што сме се обврзале во рамките на ООН е за нас прифатливо, рече Иванов и одби да шпекулира дали северна Македонија е прифатливо решение за македонските граѓани.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ денешната средба ја оцени како добра можност да се разменат информации, да се слушнат мислењата на сите присутни, како и да се направат одредени анализи. Истовремено ја пофали иницијативата на шефот на државата за нејзино одржување.

На новинарско прашање за исходот од средбата со помошникот државен секратер за Еверопа и Евроазија на САД Филип Гордон во Загреб премиерот посочи оти го пренел ставот дека Македонија е силно заинтересирана да се дојде до решение за спорот за името.

- Правиме се што е во наша можност прашањето за името да биде завршено. Сакаме да дојдеме до решение кое ќе биде прифатливо за граѓаните и кое ќе помине на референдум. Решавањето на името е од интерес на Македонија, а се надевам дека е од интерес и на Грција, рече Груевски и изрази благодарност за САД и нивните обиди да бидат олеснувачи и да се најде решение за долгогодишниот проблем.

Претседателот на Владата најави оти ќе продолжи со напорите за разговари на сите можни нивоа, како со Нимиц, така директно кога ќе биде можно. Ќе се обидуваме, како што рече, да бараме решение кое ќе помогне за понатамошниот развој на нашата држава, влезот во НАТО и ЕУ, разрешување на ова прашање и изнаоѓање на конечно решение.

Прашан дали е ставен рок за решавање на проблемот за името до следниот самит на НАТО, во ноември во Португалија, тој одговори дека секогаш има настојувања од меѓународната заедница што побрзо да се најде решение. - Решението не треба да биде едностарно и треба да биде прифатливо за двете страни, вклучувајќи ги граѓаните во Македонија, нагласи шефот на Владата.

Во врска со последните тензични настани и евентуално нивно влијание врз политичката состојба, тој рече дека сите етнички заедници во Македонија посакуваат земјата да стане членка на НАТО и на ЕУ.

- Во тој дух, сечиј интерес е да се дојде до решение, а притоа да нема крупни проблеми. Затоа не би требало да се доведат во некоја силна корелација, посочи премиерот и додаде дека со коалицискиот партнер ДУИ партнер имаат редовен дијалог и разменуваат мислења за сите отворени прашања и проблеми. - Се што можеме да решиме заеднички се обидуваме да го решиме. Многу работи сме решиле и за понатаму кога ќе се појавуваат проблеми ќе бараме решенија, истакна Груевски.

Претседателот на СДСМ смета дека е добро што се одржа лидерска средба, но, како што рече, „би било подобро ако средбата беше помалку протоколарна, а повеќе работна“.

- Македонија се соочува со сериозни проблеми, економијата е разорена, демократијата е загрозена, а меѓуетничките односи се влошени. Во последно време и безбедноста ситуација не е добра, што значи има теми за кои треба да се разговараа. Ако оваа средба претставува само почеток на суштинска дебата ја поздравувам, но ако е обид само да се создаде привид за некаков политички дијалог и да се фингираат нормални политички релации, времето набрзо ќе покаже и мислам дека нема никому да му донесе никакво добро, изјави Црвенковски.

Прашан дали ќе се изјасни позитивно доколку на референдум за целосна употреба биде ставен предлогот Сверна Македонија Црвенковски рече дека нема да гласа на референдум за кој власта однапред мисли дека треба да пропадне.

- Сериозно треба да ја сфатиме пораката од Филип Гордон од пред два дена дека можеби на подолг период ова е последната голема шанса и оти можеби следната ќе ја чекаме подолг временски период. Треба сериозно да ја сфатиме пораката од човекот кој има мандат да говори од името на САД, појасни Црвенковски и додаде дека доколку не се реши проблемот евроаталантските интеграции ќе бидат блокирани.

За лидерот на ДУИ евроатлантските перспективи се без алтернатива за Македонија. Затоа, како што рече, за ДУИ името станува сериозна пречка во интегративниот процес на Македонија. - Во Македонија треба сите политички фактори да преземат одговорност за да се надмине проблемот со името со прифатливо решение за сите засегнати страни. не сакам да прејудицирам, ниту хипотетички да зборувам, но со оглед на ангажираноста на сите политички фактори очекувам дека ќе имаме добро и прифатливо решение, посочи Ахмети.

Тој нагласи дека смета оти сите политички фактори и чинители треба да направат се за меѓуетничките односи и за позицијата на Република Македонија на меѓународен план. - ДУИ неколкупати истакна дека не поддржува никаков вид насилство и оти сметаме дека тоа не е начин на решавање на проблемите со кои како држава се справуваме. Апелирам до сите политички фактори да се зафатат сериозно со решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваме, рече Ахмети.

На денешната средба не станало збор за јавните барања на ДУИ, а јавноста ќе ја запознае наскоро со ставот на партијата што ја раководи во однос на идејата на СДСМ за измени во Изборниот законик, со кои ќе се гарантираат 10 пратенички места на малите етнички заедници во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...