Претставени приоритетите на македонското претседателство

Скопје, 20 мај 2010 (МИА) - Шефот на македонската дипломатија и претседавач на Комитетот на министри на Советот на Европа Антонио Милошоски денеска се сретна со претседателот на Парламентарното собрание на СЕ Мевлут Чавушоглу.

На средбата одржана во рамките на посетата на претставници на Парламетарното собрание на Советот на Европа на Македонија, уште еднаш беа претставени приоритетите на македонското шестмесечното претседавање со најстарата паневропска организација со посебен акцент на меѓукултурниот и меѓуверски дијалог, како и на реформите на Судот за човекови права во Стразбур.

Претседателот на ПС на СЕ Чавушоглу ги пофали напорите на македонското претседателство со СЕ и истакна дека блиската соработка меѓу Комитетот на министри и ПС е единствениот начин за успешно реформирање на Советот на Европа.

Чавушоглу и Милошоски пред три дена објавија заедничка изјава која се однесуваше на состојбата со човековите права во Белорусија, притоа повикувајќи ги белоруските власти да се откажат од извршувањето на изречените смртни казни во нивниот судски систем.

Посетата на претседателот на Парламентарното собрание Чавушоглу продолжува денеска и утре при што ќе има средби со највисоките државни функционери, како и заедничка сесија на Постојаниот комитет на кој ќе учествуваат околу 70 пратеници од многу земји членки на СЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...