Турскиот министер за одбрана Ѓонул предвреме замина од НАТО конференцијата во Битола

Битола, 31 мај 2010 (МИА) - Министерот за одбра на на Република Турција Веџди Ѓонул поради операцијата на израелските воено-поморски сили врз меѓународната флотила0 која носеше хуманитарна помош кон појасот Газа, при што според Скај Њуз се убиени 19 цивили, предвреме замина од Регионална конференција за НАТО интеграции на ЈИЕ што се одржува во Битола. 

Пред почеткот на Конференцијата, свое кусо обраќање одржа турскиот амбасадор во Македонија Арслан Окчал кој истакна дека министерот Ѓонул одлучил да се врати во Турција.

- Добивме порака дека имаше оружен напад и цивилни жртви врз конвојот со бродови во Средоземното Море. Немаме појаснување по однос на случувањата, затоа министерот Ѓонул мораше да се врати во Анкара, рече Окчалан.

По неговото заминување, Конференцијата продолжи според предвидената програма.

Израелската морнарица изутрината го пресретна конвојот од шест бродови, со 10.000 тони хуманитарна помош за Палестинците, што го предводи турски брод со 600 патници, кој вчера тргна од меѓународните води кај Кипар кон 400 километри оддалечената Газа. Израел вчера предупреди дека конвојот ќе биде запрен.

Израелската телевизија Канал 10 јави дека израелските командоси се качиле на бродовите, каде наишле на жесток отпор од палестинските активисти. Кога израелските командоси се качиле на шесте бродови тие биле нападнати со ножови и стапови. Еден од активистите му го одзел оружјето на израелски командос и тоа произвикало истрел. Се уште не е утврдено дали истрелот бил случаен или не, наведува телевизијата. На крајот израелските военопоморски сили воспоставиле контрола врз шесте бродови, кои сакаа да ја нарушат блокадата врз појасот Газа, што ја има наметнато Израел. Според телевизијата, во инцидентот загинале од 14 до 16 лица.

Скај њуз цитира непотврдени информации дека поетот Раед Салах, еден од лидерите на организацијата Исламско движење во Израел, е тешко ранет. Салах бил приведен од израелските власти под сомнение за финансирање на радикалното палестинско движење Хамас.

Петнаесет лица, од кои повеќето Турци, се убиени од страна на израелските командоси во денешниот сериозен инцидент, изјави Мохамед Каја, раководител на филијалата во Газа на турската Организација за човекови права и слободи, која е меѓу организаторите на хуманитарниот конвој, пренесоа француските медиуми.

На веста за израелското пресретнување на конвојот, како што јавуваат американските медиуми, десетици Турци се обиделе насила да влезат во израелскиот конзулат во Истанбул.

Тие конзулатот го нападнале со дожд од камења, а во намерата да влезат во него биле спречени од турската полиција.

Хуманитарната помош ја организираа пропалестински организации и една турска организација за заштита на човековите права.

Турција упати молба до Израел да го доволи минувањето на конвојот и потврди дека помошта е хуманитарна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...