Во нападнатиот хуманитарен конвој има и Македонци

Скопје, 31 мај 2010 (МИА) - Меѓу 700. патници на бродовите кои беа нападнати изутрината од израелските специјалци имало и државјани на Македонија, пренесува арапската телевизиска мрежа „Ал Џезира“.

Во хуманитарниот конвој биле претставници на триесеттина земји, меѓу кои Арапи, Евреи, Турци, Французи, Германци, Норвежани, Руси, Шпанци, Канаѓани, Американци, Британци..., но и луѓе кои зборувале на македонски и на албански јазик, наведува „Ал Џезира“.

Помошта од Македонија била организирана преку турската хуманитарна организација ИХХ.

Претходно турските медиуми, повикувајќи се на список на ИХХ, објавија дека на еден од бродовите биле и тројца македонски државјани

МНР засега нема официјална потврда дали во конвојот имало Македонци и каква е нивната судбина, но информира дека македонскиот амбасадор во Израел Пајо Авировиќ претпладнето е повикан на разговор во израелското МНР. На брифингот не биле презентирани конкретни информации за учество на македонски државјани во нападнатиот хуманитарен конвој.

Најмалку 19 луѓе загинаа кога израелската морнарица го пресретна конвојот од шест бродови со 10.000 тони хуманитарна помош за Палестинците кој тргнал од Турција за Појасот Газа.

Според израелските медиуми, специјалците во обид да ги запрат се качиле на бродовите каде што наишле на жесток отпор на пропалестинските активисти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...