Реџепи, Емини и Хасипи пристигнаа во Истанбул, во Македонија најрано утре

Скопје, 3 јуни 2010 (МИА) - Тројцата македонски државјани Јасмин Реџепи (28) и Сами Емини (57) од Скопје и Сеад Хасипи (50) од Куманово, кои беа во хуманитарниот конвој што беше нападнат од израелските специјалци во меѓународни води во близина на Појасот Газа, рано изутрината во 3:30 часот пристигнаа во Истанбул.

Тие заедно со уште околу 500 луѓе од хуманитарниот конвој со авиони беа депортирани од Тел Авив.

Реџепи, Емини и Хасипи, како што информира МНР и нивни роднини, биле пречекани од македонскиот конзул Зерин Абас. Денеска ќе останат во Истанбул каде ќе им бидат извршени лекарски прегледи и ќе бидат направени записници за предметите што им биле одземени од израелските власти. Престојот во Истанбул им го организира македонскиот Конзулат, а авиобилетите со отворен датум за Скопје се обезбедени од хуманитарната организација ИХХ преку која заминаа за Газа.

Во Македонија се очекува да пристигнат најрано утре.

Тројцата македонски државјани, кои по инцидентот беа приведени од израелските власти, вчера изутрина беа пуштени од затворот во Бер Шева, а потоа пренесени до аеродромот во Тел Авив за да бидат депортирани во Турција. Претходно тие потпишале барање за депортација во матичната земја во кое потврдуваат дека нелегално влегле во Израел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...