Предвремени избори во ноември

Скопје, 8 јуни 2010 (МИА) - Почесниот претседател на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер Љубчо Георгиевски смета дека во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори во октомври или ноември доколку не се најде решение за спорот за името.

- Октомври, ноември е пореално, затоа што поминува рокот од Европска унија, во октомври поминува рокот од НАТО. Според мене треба да има некаква логична завршница на таа приказна, не може оваа работа да се влече. Во октомври ќе се знае дали ќе има решение или не, рече Георгиевски денеска на прес-конференција

Според Георгиевски, вонредните избори зависат од ДУИ, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ не е за избори.

Не очекува скоро решавање на спорот за името, кој смета дека Владата има капацитет да го реши, но, како што истакнува, самата си направила ќорсокак и не прави ништо за да излезе од него.

Почесниот претседател на ВМРО-НП оцени и дека Македонија ќе профитирала со 400 милиони евра, ако Народната банка пред три месеци претворела 1,5 милијарди евра од девизните резерви во злато, како што предложи тој неодамна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...