Немам информации дали се подготвува амбасадорски предлог за името

Скопје, 9 јуни 2010 (МИА) - Евроамбасадорот Ерван Фуере  нема информации дека амбасадорите на земјите членки на ЕУ и НАТО во Скопје работат на изготвување предлог кој треба да го достават до Владата за името „Република Северна Македонија“ во контекст на негова примена во меѓународните организации и во билатералните контакти со државите кои не признале под уставното име.

- Не постојат такви разговори овде. Тие можеби се водат во Брисел, но немам информации за такви разговори. Ќе мора да почекаме до следната недела, изјави Фуере по денешната панел дискусија „Европските стандарди и нивното влијание во зајакнување на механизмите за заштита ан човековите права - омбудсман институциите“.

Евроамбасадорот вели дека не знае и дали Македонија ќе биде на агендата на состанокот на Советот на ЕУ на 17 јуни во Брисел.

За политичката полемика во Македонија околу вработувањата во јавната администарција Фуере вели оти „пораката на ЕУ е многу јасна - очекува од Владата да направи се што е можно да ги намали, а еден ден и целосно да ги елиминира привремените вработувања“. Тоа, посочува евроамбасадорот, треба да се направи во согласност со Законот за државни службеници.

- Тоа е единствениот начин да се обезбеди професионална јавна администрација што ќе ужива целосна доверба од граѓаните, вели Фуере.

Според него, ЕК продолжува со фокусирање на реформите што и биле посочени на Владата минатата недела, со акцент од итна акција покрај за јавната администрација и во делот на политичкиот дијалог, и независноста на судството.

Тој истакна дека тие го покренале прашањето за дипломците на Академијата за судии и јавни обвинители и оти добиле уверување од Владата дека ќе биде преземена итна акција сите дипломци да бидат вклучени во правосудниот систем. Се осврна и на политичкиот дијалог, за кој вели, „знаеме дека во моментов не функционира што негативно влијае на функционирањето на Парламентот“.

- И за ова прашање побаравме итно да му се посвети внимание за да се вратиме кон многу позитивната атмосфера која постоеше минатата година, а сега гледаме недостатоци, смета Фуере.

Запрашан дали е можно Македонија да добие полош извештај за напредок на земјата од ЕК од минатогодишниот, евроамбасадорт со став дека е потребно итно зафаќање со реформите.

- Токму за да ја избегнеме таквата ситуација ние повторно и ја предочивме на Владата потребата од итно зафаќање со реформите. Разбирливо е Владата да се фокусира на позитивните аспекти што ние го поздравуваме, но исто така важно е јавното мислење да биде целосно свесно за ситуацијата и да прифати дека има области каде е неопходно повеќе работа и оти посочените пропусти мора да бидат отстранети. Се уште има време да се постигне рамнотежа, а тоа е предизвикот со кој сега се соочува Владата, рече евроамбасадорт Ерван Фуере.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...